Што ќе се случи ако никогаш не излегувате на сонце?
Многу од нас не му придаваат важност на сонцето. Дури и кога е облачно, знаеме дека тоа е некаде над облаците и дека повторно ќе се појави. Но дали знаете колку всушност му е потребно на нашето тело? Погледнете што би се случило со вашето здравје ако не се изложувате доволно на сончева светлина.
1. Го ризикувате здравјето на вашето срце
Без сончева светлина нашето тело не може да произведува витамин Д. Овој витамин нè штити од многу срцеви заболувања. Ултравиолетовите зраци пак го регулираат крвниот притисок. Па, недостатокот од сончева светлина ќе води до кардиоваскуларни проблеми.
2. Ќе бидете тажни
Без сонце ќе имате пониско ниво на серотонин, хормонот на среќата. Иако постојат и други начини со кои можете да го подобрите вашето расположение, изложувањето на сонце е најлесниот и најприродниот начин, особено ако го комбинирате со физичка активност.
3. Проблеми со нервите
Се верува дека ако децата не се изложуваат редовно на сончева светлина, кога ќе бидат возрасни ќе бидат посклони кон склероза, болест на централниот нервен систем.
4. Болки низ целото тело
Ако не излегувате на сончева светлина, подгответе се за болки низ целото тело. Сонцето ги топли мускулите и ја намалува болката предизвикана од нарушувањата како артритис.
5. Намалена плодност
Без сончева светлина, женското тело ќе има повеќе мелатонин. Овој хормон ја намалува плодноста, а со тоа и шансата за забременување. Покрај тоа, кај жените кои поретко се изложуваат на сончева светлина менопаузата се појавува порано. Кај мажите пак недостатокот од сончева светлина влијае на нивото на тестостерон.
6. Ослабен имунитет
Помалку сончева светлина значи помалку бели крвни зрнца. А кога имате помалку бели крвни зрнца, на вашето тело му е потешко да се бори против инфекциите.
7. Кариес
Дури и нашите заби страдаат од недостаток на сончева светлина. Се открило дека луѓето кои поретко излегуваат на сонце имаат повеќе проблеми со забите, најчесто со кариес.
8. Зимска депресија
Без сончева светлина постојано ќе се мачите со сезонската депресија. Овој вид депресија е предизвикан од недостаток на сончева светлина, а вештачката светлина не може да ја замени природната.
Иако сончевата светлина е многу важна за нашето здравје, важно е да знаете дека и премногу сонце не е добро. Ултравиолетовите зраци може да предизвикаат изгореници и разни болести на кожата, па дури и рак. Потребна е умереност во сè.
Доколку сте претерале со изложеноста на сонце, овие совети ќе ви помогнат да ги третирате изгорениците.