Што кажуваат за нас фотографиите кои ги споделуваме на социјалните мрежи - Part 3

Што кажуваат за нас фотографиите кои ги споделуваме на социјалните мрежи?

11. Фотографии со храна

(11)shto-kazhuvaat-za-nas-fotografite-koi-gi-spodeluvame-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mk

Овде не станува збор за професионалните профили за храна. Фотографија на која има оброк од некој скап ресторан е обид за социјална самопромоција.

12. Екстремни фотографии

(12)shto-kazhuvaat-za-nas-fotografite-koi-gi-spodeluvame-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mk

Овие фотографии се за да му ги покажете на светот вашите мажествени квалитети: храброст, сила, сигурност и издржливост. Но понекогаш овие фотографии ја кријат потребата да бидете забележани и да се чувствувате живи.

13. Смешни фотографии од вас

(13)shto-kazhuvaat-za-nas-fotografite-koi-gi-spodeluvame-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mk

Изгледа дека сопственикот на профилот има голема самодоверба и знае да се шегува, бидејќи за да поставите „лоша“ фотографија, посебно ако сте женско, треба храброст. Или пак можеби се смеете за да ги скриете проблемите?

14. Фотографии во канцеларија

(14)shto-kazhuvaat-za-nas-fotografite-koi-gi-spodeluvame-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mk

Ако профилот на некоја личност е полн со фотографии во канцеларија, тогаш професионалниот живот на оваа личност ѝ е важен, и таа е полна со амбициозни планови. За неа е важно да им покаже на што е можно повеќе луѓе дека е професионалец од прва класа и дека има висок статус.

15. Предмети, распореди, делови од цело

(15)shto-kazhuvaat-za-nas-fotografite-koi-gi-spodeluvame-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mk

Ваквите фотографии откриваат дека личноста сака да изгледа без стандарди. Тие исто така укажуваат на креативна природа.

16. Реални фотографии без филтри или Фотошоп

(16)shto-kazhuvaat-za-nas-fotografite-koi-gi-spodeluvame-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mk

Овие фотографии кажуваат дека личноста на нив се гледа онаква каква што е. Исто така јасно е дека оваа личност е созреана и не чувствува потреба да се покажува на социјалните мрежи за лајкови и коментари. Тие не се обидуваат да го фотографираат секој момент, туку сакаат да го проживеат целосно.

Погледнете ги и овие илустрации кои покажуваат како се однесуваме на социјалните мрежи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар