Што кажуваат за нас фотографиите кои ги споделуваме на социјалните мрежи

Што кажуваат за нас фотографиите кои ги споделуваме на социјалните мрежи?

Што кажуваат фотографиите на Интернет за нас? Кои скриени комплекси или желби, кои некогаш не ни знаеме дека ги имаме, му ги откриваме на светот преку социјалните мрежи? Погледнете ја оваа анализа на различните видови фотографии на социјалните мрежи…

1. Голем број селфиња (на огледало, во лифт, во теретана и слично)

(1)shto-kazhuvaat-za-nas-fotografite-koi-gi-spodeluvame-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mk

Ако поголемиот дел од фотографиите на нечиј профил се селфиња, тоа открива потреба за признание и одобрување од другите, егоцентричност, суета и наклонетост кон нарцизам.

2. Секси селфиња

(2)shto-kazhuvaat-za-nas-fotografite-koi-gi-spodeluvame-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mk

Нагласената линија на телото кажува „Јас сум слободна и спремна да експериментирам.“ Размислете дали е потребно толку отворено да му кажете на светот дека сте „достапни“ користејќи го вашето тело како мамка и како начин да се „продадете“. Дали мислите дека мажите сакаат сериозна врска со таква мамка?

3. Фотографии со партнерот

(3)shto-kazhuvaat-za-nas-fotografite-koi-gi-spodeluvame-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mk

Тоа е приказ на вашата врска и на фактот дека ја гледате како силна и долготрајна. На овој начин кажувате „Не сум сама, сакана сум, потребна сум некому и ценета сум.“ Ако имате премногу вакви фотографии на профилот, запрашајте се зошто ви е потребно тоа и што сакате да кажете со толку многу фотографии. Можеби сакате да му докажете нешто на бившиот или да победите во натпреварот со вашите пријатели?

4. Групни фотографии

Group Of Friends Having Fun Together Outdoors

Ако повеќето од вашите фотографии се од забави или дружби, каде што покажувате колку многу се забавувате со пријателите, тоа може да биде знак на внатрешна празнина или осаменост. Исто така може да значи дека припаѓањето во некој група му ласка на вашето его.

5. Деца

(5)shto-kazhuvaat-za-nas-fotografite-koi-gi-spodeluvame-na-socijalnite-mrezhi-kafepauza.mk

Овде има две опции. Ако споделувате фотографии од вашето детство, тоа може да значи дека сте уморни од „возрасниот“ живот. Ова крие потсвесна желба за враќање во детството. Втората варијанта е кога споделувате фотографии од вашите деца, на тој начин кажувајќи „Јас сум мајка, и тоа е најголемото достигнување во мојот живот.“

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар