Што кажуваат бемките на вашето лице за вас и за вашата иднина?

Што кажуваат бемките на вашето лице за вас и за вашата иднина?

Читањето бемки е многу старо и потекнува од 17-тиот век. Се верува дека нашето дело го содржи знаењето за она кои сме, па ако знаеме да го прочитаме тоа знаење ќе се разбереме многу подобро. Во минатото луѓето верувале дека бемките се потпис на планетите. Лесно е да се поверува во ова поради влијанието кое го имаат планетите на Земјата. Месечината на пример влијае на плимата и осеката, па можно е да има влијание и на нашите животи.

shto-znachat-bemkite-na-vasheto-lice-kafepauza.mk

Прво проверете ги бемките на вашето лице, а потоа погледнете го дијаграмот и откријте на кој број одговараат. Гледајте ги само бемките кои се сами. Ако имате пеги на лицето, не треба да барате број за нив. Истото важи и за акните и дамките на кожата. Во продолжение откријте го значењето на секоја позиција.

Позиција од 1-3

Како дете сте биле бунтовник и со слободен дух. Сте биле креативни и најдобро сте работеле кога ви давале слобода. Во главно, вашите надредени го сакаат пристапот кој го имате кон животот. Ако имате бемка на овие позиции, вам ви е многу подобро да бидете сам свој шеф отколку да работите за некого. Добро е што ја имате среќата да работите на тој начин.

Позиција 4

Вие сте импулсивни и харизматични, но може да ви стане тешко кога имате премногу опции. Сакате да се расправате, но многу ретко се лутите. Имате експлозивен темперамент на кој би требало да поработите. Кога ќе го направите ова ќе станете посмирени и кон себе и кон другите.

Позиција 5

Бемката на оваа позиција е знак за богатство, но кое ќе го заработите тешко. Целото богатство кое ќе го стекнете треба да го чувате внимателно, бидејќи многу луѓе ќе ви бидат љубоморни и ќе сакат да ви го земат. Немојте премногу да им верувате на другите. Следете ги вашите инстинкти и бидете внимателни. Никогаш не им дозволувајте на другите да управуваат со вашите финансиски средства.

Позиција 6

Оваа бемка е знак за интелигенција, креативност и уметничка способност. Вашиот талент за уметност може да ви донесе богатство, слава и успех. Ова е и знак за богатство кое ќе го добиете само ако го следите вашето срце. Успехот е неизбежен ако сте храбри.

Позиција 7

Бемката на оваа позиција укажува на расправии со вашето семејство кои ќе ви предизвикаат тага и несреќа. Ова ќе има влијание на вашата работа и живот. Препорачливо е да ги средите сите проблеми со роднините за подоцна да имате мир.

Позиција 8

Ова не е многу добра позиција за бемка. Вашата финансиска состојба постојано ќе биде лоша бидејќи трошите премногу. Можно е да имате и желба за коцкање. Мора да знаете кога е време да престанете. Исто така, луѓето кои ја имаат оваа бемка сакаат да флертуваат и со двата пола. Внимавајте кога го покажувате вашиот шарм за да избегнете неволја.

Позиција 9

Оваа позиција на бемката укажува на сексуални, но и други проблеми. Често е поврзувана со несреќа.

Позиција 10

Ако ја имате оваа бемка, вие имате многу среќа. Постојано сте опкружени со семејството и ќе имате многу деца и внуци. Секогаш ја имате поддршката од блиските и секогаш ќе бидете задоволни, и материјално и емоционално.

Позиција 11

Оваа бемка покажува дека сте подложни на болести.

Позиција 12

Оваа позиција е знак за успешен, но и балансиран живот. Вие имате шанса да бидете не само богати, туку и познати. Иако ќе имате можност да живеете гламурозен живот, вие ќе се одлучите за удобен дом и семејство. Жените со оваа бемка се навистина среќни, но и многу привлечни.

Позиција 13

Вашите деца може да ви предизвикаат многу проблеми. Врската која ја имате со нив не е добра. Важно е да научите да бидете трпеливи.

Позиција 14

Оваа бемка укажува на проблеми со храната. Можеби сте алергични на многу прехранбени производи, или пак јадете премногу.

Позиција 15

Вие сте личност која постојано е во движење. Сакате да откривате нови работи и нови места. Не сте среќни кога ќе останете предолго на едно место. Уживате во патувањата и авантурите.

Позиција 16

Треба да внимавате на исхраната и на вашиот сексуален живот. Ова се вашите најголеми проблеми. Можно е да имате проблеми со тежината, а ова да ве направи депресивни. Вие ја сакате романсата, понекогаш и со повеќе луѓе. Но поради вашиот морал можно е да се чувствувате виновни за ова.

Позиција 17

Вие сте активни на социјалната сцена и сте одличен соговорник. Можно е премногу да се фалите за вашиот успех, а ова може да биде лошо за вашата репутација. Внимавајте бидејќи вашата самодоверба доаѓа од мислењето кое другите го имаат за вас.

Позиција 18

Постојано сте во движење. Можно е да патувате многу во вашиот живот, но треба да внимавате на подалечните патувања.

Позиција 19

Имате среќа со парите, а имате и многу добри пријатели. Вашата слабост е што многу лесно подлегнувате на шармот од спротивниот пол. Токму ова може да ви предизвика проблеми, па бидете внимателни.

Позиција 20

Оваа бемка може да биде вистинска среќа или несреќа. Таа е знак за голема слава или срам. Креативни сте и интелигентни, но вашите таленти може да ги искористите за лошо или добро. Вие не сте личност која заборава и простува. Оваа бемка е знак дека ќе останете запомнети или како многу добра личност или како вистински тиранин.

Позиција 21

Оваа позиција е добра бидејќи покажува дека никогаш нема да ви недостасува храна. Исто така, оваа бемка е поврзана со слава и признание.

Позиција 22

Вашиот живот е секогаш убав, а работите ви се одвиваат по план. Многу лесно можете да станете познат спортист ако ја имате страста за тоа. Оваа бемка е и знак за авторитет и моќ, па би биле многу добар директор.

Позиција 23

Вие имате висок коефициент на интелигенција. Имате одлични инстинкти за преживување и ќе имате долг и значаен живот. Ќе бидете активни и во староста. Пријателите и семејството ќе бидат со вас до крајот на вашиот живот.

Позиција 24

Ќе постигнете голема слава и богатство во младоста, па препорачливо е да го искористите ова за да си обезбедите удобност во староста. Животот на луѓето со оваа бемка може да стане потежок со текот на годините.

Позиција 25

Лесно ќе напредувате во животот, но бидете умерени. Задржете ја традицијата во вашето однесување и ќе имате долг и исполнет живот.

Погледнете ги и овие значења на бемките на вашето лице или тело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар