Што кажува за вас вашиот омилен филмски жанр?

Што кажува за вас вашиот омилен филмски жанр?

Француските психолози докажале дека секојдневното гледање комедии може да ви го подобри расположението и да ве направи поотворена личност. Доколку пак уживате во трилери, експертите сметаат дека сте гладни за ментални предизвици и нешта што ќе ве натераат да размислувате и да го извлечете максимумот од себе.

Што кажува за вас вашиот омилен филмски жанр?

Се разбира, постои објаснување и за другите филмски жанрови. Односно, вашиот омилен филмски жанр може да открие многу нешта за вас.

Комедии

Како што веќе напоменавме, гледањето комедии може значително да ви го подобри расположението. Експертите сметаат дека љубителите на овие филмови не само што се ведри и позитивни, туку често се и површни. Доколку сакате комедии, најверојатно ги избегнувате комплицираните ситуации, бегате од реалноста и понекогаш не ја разбирате.

Романтични сапуници

Жените се најголеми фанови на овој жанр, особено ако минуваат низ тежок љубовен период. Ако се оставени или ако безуспешно бараат љубов, тие се „лекуваат“ со овие филмови. Мажите кои уживаат во овој жанр имаат поубав поглед кон светот.

Драми

Овие филмови можат да бидат вистински емоционални бомби и да ви го променат животот од корен. Најчесто луѓето што сакаат да гледаат драми доживеале некоја драстична промена во животот. Трагедиите и негативните чувства кои се карактеристични за главните ликови им помагаат на луѓето кои минуваат низ тежок период или кои се мелодраматични. Овие филмови им се како духовна храна.

Хорор

Љубителите на страшните филмови уживаат во мрачната атмосфера, како и чувствата на страв, напнатост и неизвесност. Тие го сакаат адреналинот кој или ги плаши или ги вознемирува.

Научна фантастика

Овие филмови најчесто ги гледаат луѓе кои се чувствуваат несфатено во современиот свет. Нив им е навистина тешко да се вклопат со другите луѓе. Најчесто ова се интелектуални личности, уметници или новинари.

Историски

Романтичните души најмногу уживаат во овој жанр. Тие имаат чувство како да припаѓаат во некој друг временски период, па историските биографски приказни им помагаат да се чувствуваат прифатено.

Доколку се подготвувате за филмски викенд, дајте им шанса на овие одлични филмови од различни жанрови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар