Што кажува линијата на срцето на вашата дланка за вашиот живот?
За да дознаете што кажува вашата линија на срцето за врските и љубовта кои ги искусувате во животот, треба да ја споредите вашата линија на десната дланка со овие на сликата.
Линијата на срцето е онаа која се наоѓа под показалецот или средниот прст (во зависност од нејзината должина) и се протега до работ на вашата дланка, под малиот прст.
A: Ако вашата срцева линија започнува под средниот прст, вие сте лидер. Амбициозни сте, независни, интелигентни и имате способност да донесувате одлуки. Не сте многу чувствителни, повеќе сте ладни кон луѓето.
Б: Ако вашата срцева линија започнува помеѓу делот под средниот прст и показалецот, вие сте обѕирни и љубезни. Колебливи сте и внимателни кон луѓето, а тие ви веруваат. Вие размислувате логички при донесување одлуки.
В: Ако почнува под показалецот, вие сте како личностите опишани под А.
Г: Ако започнува помеѓу делот под показалецот и палецот, вие сте внимателни, грижливи, имате добри намери и меко срце.