Што јадат патниците во авион од прва класа?
Кога патуваме со авион, најважно ни е безбедно да стигнеме до посакуваната дестинација. Но, на патниците од прва класа важно им е нивниот третман да биде посебен. Тука спаѓа и храната која ја јадат додека патуваат. Лесна, софистицирана и добро спакувана, авионската храна за патниците од права класа треба да изгледа и да биде перфектна. Погледнете што содржи едно мени:
Појадок

Тарт со шунка и гриер (кашкавал), кафе и сок од портокал.
Ручек

Клуб сендвич од лепчиња со ореви и суво грозје со чадено месо од патка, чипс и чаша вода со мраз.
Вечера

Паста ригатони со колбаси, спанаќ и козјо сирење.
Закуска

Зачинети печени семки од тиква, несолени печени кикиритки и сок по желба.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.