Што има во музејот “Галилео„ во Фиренца?

Што има во музејот „Галилео“ во Фиренца?

Ако науката е вашето поле на интерес, си должите патување до Фиренца, Италија, поточно посета на Музејот „Галилео“. Тоа е мал музеј кој е преполн со неверојатните научни инструменти од времето на ренесансата. Дури и да не сте заинтересирани за науката, невозможно е да ја игнорирате убавината на овие предмети. Рачно изработени, по најточните стандарди, тие имаат двојна атракција кај посетителите на овој музеј. Прво, тоа се инструменти направени со неверојатни вештини и второ, тоа се технолошки откритија кои се отскочна штица за она што го имаме денес како технологија.

Погледнете дел од изложените научни инструменти, изум на Галилео:

Што има во музејот “Галилео„ во Фиренца?

Небесна (рајска) топкa

Небесната (рајска) топка е направена по нарачка на Ferdinand de Medici за својата жена. Топката е висока над 3 метри и е направена од злато и дрво од чемпрес. Небесната топка го покажува движењето на сите планети. Во внатрешноста на топката има слика од Господ како управува со движењето на топката.

Што има во музејот “Галилео„ во Фиренца?

Астро топка

Што има во музејот “Галилео„ во Фиренца?

Ренесансен калкулатор

Што има во музејот “Галилео„ во Фиренца?

Рачно изработен стакларник од Венецијански уметник

Што има во музејот “Галилео„ во Фиренца?

Рачно изработен телескоп

Со овој телескоп Галилео ја докажал теоријата дека земјата се врти околу сонцето.

Што има во музејот “Галилео„ во Фиренца?

Термометар

Термометарот за мерење телесна температура претставува стаклена жаба што се полни со течност која ја менува густината во зависност од температурата на телото. Термометарот се ставал во зглобот на пациентот 15 минути. Различен број на стаклени монистри пловеле во внатрешноста на жабата кои  ја покажувале телесната температура.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар