Што им е поважно на жените – пријателките или дечкото?

Што им е поважно на жените – пријателките или дечкото?

Со текот на времето градиме различни видови врски. Среќната љубовна врска со дечкото или сопругот може да биде прекрасно нешто, но иако може да биде изненадувачки за припадниците на посилниот пол, за повеќето жени, брачната врска не може да се мери со силната врска со најдобрата пријателка. Секако, ова не значи дека жените не ги сакаат своите партнери. Едноставно, сметаат дека им е потребно и корисно дружењето со своите најдобри пријателки.

Што им е поважно на жените –пријателките или дечкото?

Според едно истражување направено од страна на центарот за здравје „Champenys“, над 50% од жените изјавиле дека повеќе сакаат да го поминуваат времето со најдобрата пријателка отколку со својот сопруг или дечко. За истражувањето биле испитани 1.571 жена во Велика Британија. Со ова истражување успеале и да добијат одговор на прашањето „Зошто жените го преферираат друштвото на најдобрата пријателка во однос на она со сопругот“?

Статистиките изгледаат вака:

  • Пријателките меѓу себе можат да разговараат за сѐ (57%)
  • Тие слушаат подобро од мажите (45%)
  • Ним можат да им доверат работи кои не можат да им ги кажат на партнерите (44%)
  • Обожаваат исти работи (42%)
  • Заедно се смеат до солзи (39%)
  • Можат да бидат максимално опуштени заедно (29%)
  • Даваат подобри совети (28%)
  • Имаат повеќе заеднички работи (25)
  • Имаат подобра смисла за хумор (19%)

Но, лошите вести за мажите не завршуваат овде. Интересно е тоа што дури 30% од испитаните жени рекле дека повеќе сакаат да ручаат со нивните пријателки, а 60% изјавиле дека подобро си поминуваат кога се излезени доколку мажите не се присутни.

Прочитајте и како дружењето со пријателки им го подобрува психичкото здравје на жените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар