Што им е потребно на мажите за да се впуштат во сексуален однос?

Што им е потребно на мажите за да се впуштат во сексуален однос?

Мажите не можат да го обвинат ПМС-от ниту пак, контрацепционите пилули за своето сексуално однесување, додека изговорите како „Премногу испив“ се веќе одамна отфрлени. Но, благодарение на научниците од Холандија, дури и момците имаат дежурен кривец кога станува збор за впуштање во сексуален однос.

Што им е потребно на мажите за да се впуштат во сексуален однос?

Според истражувањето кое го спровеле научниците, мажите се согласуваат на секс без разлика на околностите. За ова однесување не е виновен никој друг освен тестостеронот. Токму затоа и не им е важно дури ни дали девојката со која имаат секс физички ги привлекува или не. Истражувањето било спроведено на 63 момци, студенти на возраст од 21 до 25 години кои не знаеле за што ги испитуваат. Резултатите јасно покажуваат дека нивното ниво на тестостерон значително се зголемувало веднаш штом се најдат во женско друштво, без разлика дали оваа личност ја сметаат за убава или не.

За нивниот тестостерон да се зголеми од просечно ниво за 8% биле доволни само 5 минути поминати покрај женска личност. Овој раст на тестостеронот не бил под влијание на други надворешни фактори, како познавање на девојката одамна, нејзината привлечност, убавина или слично. Која женска личност и да била во нивна близина, нивото на хормонот секогаш растел со иста брзина. Токму тоа и ни укажува дека за тие да се впуштат во сексуален однос доволно им е само да имаат девојка покрај себе. Ништо друго не им е влијае врз одлуката…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар