Што гледате на сликите? Одговорот на ова прашање открива многу работи за вас
По смртта на психологот Херман Роршах, неговиот психолошкиот тест (Роршахови дамки) бил обработен и претворен во популарно средство за анализирање на личноста. Швајцарскиот психолог Херман Роршах во 1921 година го развил овој психолошки тест за да дијагностицира шизофренија на своите пациенти. После неговата смрт, тестот (спротивно на неговите желби) станал многу популарно средство за анализирање на особините на поединци.
Во меѓувреме ваквиот начин на разоткривање на човечките особини станал дел од поп-културата, па се појавиле и многу други слични тестови, а еден од нив ќе ви го претставиме во продолжение. Без разлика дали верувате дека толкувањето на дамките може да открие каква личност сте, ви препорачуваме да се забавувате со анализирањето на сликите и одговорите.
Слика број 1:
Печено пиле
Понекогаш, баш како и сите други луѓе, се сомневате во она што го правите, но генерално сте сталожени, се служите со вашите приоритети и знаете што ви е потребно. Ретко се отуѓувате од луѓето. Вас ве одржува заедништвото и здружувањето.
Лице на мачка
Вие сте страсни и гласни. Сакате да го имате главниот збор и се фаќате во „договор“со проблемите кога ќе наидат. Со ништо не задоцнувате. Важно ви е покрај себе да имате личност која ќе ве слуша и разбира, но и која секогаш ќе биде на ваша страна.
Контури на женско лице
Имате цврсти ставови и високи стандарди за секој аспект од животот. Педантни сте, брзи и го очекувате истото од другите. Стрпливоста не е предност за вас. Сѐ сакате сега и веднаш.
Ракета или кула
Многу работите и секојдневно самите си наметнувате нови предизвици со желба да станете уште посилни. Сите во вашата околина ве ценат поради исклучителната професионалност. Меѓутоа, вашиот приватен живот страда поради потребата да имате сѐ под своја контрола и затоа мора малку да се опуштите.
Слика број 2:
Раце склопени во молитва
Вие сте остроумна душа. Духовниот дел е важен елемент во вашиот живот. Знаете дека за остварувањето на сите цели е потребно трпение и концентрација, па вас тешко ќе ве попречат од патеката која сте ја зацртале. Не ги разбирате луѓето кои се задоволуваат со живот различен од тоа што го посакуваат.
Автомобил во брзо движење
Премногу фантазирате, вербално сте полни со метафори и тоа е првата работа која луѓето ја забележуваат кај вас. Способни сте да создадете нов свет во својата глава кој ќе ве мотивира. Лесно знаете да ги гледате работите од друга перспектива и не ви е проблем да ги согледувате настаните од гледиштето на другите луѓе, па токму поради тоа луѓето ви веруваат и ви ги доверуваат своите проблеми.
Отворена уста
Чувствителни сте и дарежливи. Многу давате и знаете како да го извлечете најдоброто од животот, но кога ќе ве повредат вам ви е потребно долго време да заздравите. Искрените сте и одите по светот со отворено срце, па во блиските луѓе предизвикувате потреба постојано да ве штитат. Поради тоа понекогаш имате проблеми во пронаоѓање партнер и препознавање вистинската интимност.
Слика број 3
Инсекти
Успехот ви е суден. Добро се снаоѓате во работната околина, знаете да ги играте сите игри и спремни сте за работа. Истовремено знаете да бидете храбри, но и исклучително внимателни, во зависност од тоа што ситуацијата бара од вас. На крај секогаш успевате да го пронајдете најпаметниот и најлесниот пат до победата.
Две колибри
Сакате убави работи и забавен живот. Секогаш знаете кое е најдоброто место во градот. Секогаш сте во потрага по нови возбудувања. Без размислување ги следите своите страсти, но понекогаш сепак се изморувате од тоа и паузирате, но само за момент. Животот нуди премногу убави моменти за да ги пропуштите во одмарање.
Костур или коски
Умерени сте, во сите аспекти на животот. Меѓутоа, често жалите поради тоа што не ризикувате на емотивен план. Често во вашиот живот преовладува монотонија поради која од една страна се чувствувате сигурно и стабилно, но од друга страна ви фали барем малку возбудување.