Што е смислата на животот?

Што е смислата на животот?

Не заборавајте дека секому понекогаш му е тешко. Многу е напорно кога секојдневно работите нешто во што не уживате и за што не ви е многу гајле. Но, ако ги следите вашите соништа, барем ќе бидете изморени од она што го сакате.

Поучна приказна за смислата на животот

Можеби ќе ви се чини дека тоа и не е некој голем придонес за целокупна рамнотежа, но сепак, нема да бидете во право. Ако го земете најдоброто од вашиот живот и уживате во секој обичен момент, сѐ што е околу вас ќе стане необично. Кога ќе го работите она што го сакате, секое утро ќе се будите со задоволство и ќе ви биде мило што дошол уште еден ден, па ќе бидете исполнети со искрена радост која постојано ќе се шири. Токму како кога кажувате некоја интересна шега, па од неа ќе излезат уште забавни глупости, па ќе почне уште некој да се смее со вас, па уште некој, додека на крај не почнат сите да уживаат во гласната смеа, па ќе ве заболи стомакот, ќе останете без здив, толку многу што нема да можете да станете од место.

Сепак, најдоброто од сѐ кога го работите она што го сакате, е тоа што со тоа ги охрабрувате и другите да ги следат своите соништа, па така вие и вашите пријатели можете да го смените светот. Дури и кога ќе доживеете некој неуспех, секако ќе уживате во тоа неверојатно животно искуство и навечер ќе заспиете знаејќи дека сте дале сѐ од себе и сте направиле нешто, а наутро ќе ѝ се радувате на иднината која е прекрасна и возбудлива колку што можете да посакате.

Само ако го слушате вашето срце и се обидете да го направите првиот чекор, никогаш нема да погрешите!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар