Што е погрешно во потребата да се биде најдобар?

Што е погрешно во потребата да се биде најдобар?

Да се посегнува кон големи цели не е недостижно, но да се посакува да се биде најдобар, тоа е веќе проблем. Секој од нас има право да го следи својот сон, но притисокот на којшто можеме да се изложиме посакувајќи да бидеме најдобри, може да доведе до несигурност, нарцисоидност и до намалување на нашите способности. Новите истражувања за перфекционизмот ја откриваат темната страна на овој обично позитивен квалитет. Според една студија, најмногу поради високото ниво на стрес и анксиозност, веројатноста за смрт во пораната возраст кај перфекционистите е 51% поголема. Други истражувања пак покажуваат дека во некои случаи перфекционизмот може да придонесе за ризик од самоубиство.

Растејќи во поконкурентна средина, младите луѓе се изложени на поголем стрес и притисок да бидат „најдобри“ или да бидат „посебни“, за на некој начин да се разликуваат од останатите. Неодамнешните истражувња исто така покажале дека претерано амбициозните родители може да придонесат своите деца да чувствуваат интензивна анксиозност и да ја попречат нивната ефикасност. Родителите коишто премногу настојуваат нивните деца „да успеат“, не ја сфаќаат анксиозноста и сомнежот којшто им ги наметнуваат. На овој начин децата може да се почувствуваат неуспешни доколку не ги остварат очекувањата на нивните родители. Друга студија пак покажала дека 70% од младите коишто извршиле самоубиство чувствувале „премногу високи“ барања од нивните родители.

За родителите, постојат начини за да се спротистават на овие трендови. На пример, тие може да се стремат да ги видат нивните деца онакви какви што се, да ги учат да ги прават работите за себе, да ги пофалуваат тогаш кога е потребно и да ги поттикнуваат да го прават она што навистина го сакаат, за да ги остваруваат своите сопствени цели.

Многу малку од нас најверојатно ќе бидат најдобри во сè. Но успехот, среќата или пак исполнетиот живот не се состојат во тоа. Потребно е да научиме да се прифаќаме себеси онакви какви што сме, а тоа е и најдобрата лекција на којашто можеме да ги научиме нашите деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар