Што е љубовта? Погледнете како децата ја дефинираат и замислуваат

Што е љубовта? Погледнете како децата ја замислуваат и дефинираат

Децата се најчистите суштества кои искрено можат да кажат што мислат без да се плашат од тоа како ќе бидат сфатени. Додека возрасните очајно се обидуваат да ја дефинираат, децата на возраст 6-11 години очигледно многу повеќе знаат за љубовта од некои возрасни.

0-shto-e-ljubovta-poglednete-kako-decata-ja-definiraat-i-zamisluvaat-kafepauza.mk

„Ако заљубувањето е како учење на азбуката, не сакам да се заљубам. Предолго трае.“

„Љубовта е како лавина од која мораш да бегаш за да си го спасиш животот.“

„Мислам дека прво треба да нѐ погоди некоја стрела, но останатото не е толку болно.“

„Никој не знае како тоа се случува, но слушнав дека има врска со тоа како мирисаш. Затоа дезодорансите и парфемите се многу популарни.“

„Кога ќе завршам со градинка, ќе си пронајдам жена.“

„На првиот состанок луѓето ѝ кажуваат лаги на личноста која ги интересира за да одат и на втор состанок.“

„Една личност има пеги, па пронаоѓа друга која исто така има пеги.“

„Еден од вас ќе мора да знае да пишува чекови: иако можеби сте многу заљубени, секогаш ќе има многу сметки за плаќање.“

Кога луѓето одредено време се во врска, момчето може да ја запроси девојката и да ѝ рече: Спремен сум да те земам за цел живот, или барем додека не добиеме деца и не се разведеме.“

„Љубовта ќе те пронајде, дури и ако добро се скриеш. Јас се обидувам да се скријам уште од пет години, но девојките едноставно ме наоѓаат.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар