Што е флуидна интелигенција и зошто оние што ја имаат ретко се разбрани?

Што е флуидна интелигенција и зошто оние што ја имаат ретко се разбрани?

Флуидната интелигенција е способноста да размислувате апстрактно, да имате интуиција за информациите, да препознавате шеми и да решавате проблеми склопувајќи информации кои се замислени и генерирани од вашите искуства и разбирања. Оваа идеја прв пат била развиена од Рејмонд Кател и Џон Хорн во 1970-тите.

Што е флуидна интелигенција и зошто оние што ја имаат ретко се разбрани?

Флуидната интелигенција е спротивна на кристализираната интелигенција, која претставува формално собирање знаење и обично се однесува на стекнување конкретна информација, како на пример факти.

Флуидната интелигенција е способноста за решавање проблеми без да му дозволите на знаењето од минатото да има влијание на вашето размислување. Ова ги прави интуитивните луѓе паметни и им овозможува на генијалците сами да се научат да свират некој инструмент или да зборуваат јазик без формално образование. Иако и двата типа интелигенција се важни и често работат заедно, флуидната интелигенција е најчеста помеѓу уметниците и креативните луѓе правејќи ги непредвидливи или неразбрани.

Сепак имањето на оваа состојба е неверојатен дар кој често е потценуван. Ги прави луѓето иновативни, креативни и посебни. Изобилството флуидна интелигенција дефинира личност којашто не сака да го усоврши она што постои, туку да создаде нешто што луѓето сè уште не ни знаат дека го сакаат.

Флуидната интелигенција може да го промени целиот наш концепт за „паметна личност“ и ги укажува проблемите со стандардните тестирања според кои учениците веруваат дека не се паметни ако не знаат да повторуваат факти. Кристофер Бергланд ја објаснува оваа интелигенција на овој начин:

„Во дигиталната ера која им дава предност на фактите и информациите, кристализираната интелигенција се цени многу повеќе од флуидната. Голем број нови истражувања покажуваат дека моторните способности, координацијата на дланките со очите, аеробната кондиција и дневната физикалност се важни за одржување на здравјето на меморијата и флуидната интелигенција. Флуидната интелигенција е директно поврзана со креативност и иновација. Кристализираната интелигенција е ограничена. Присилувањето на децата да седат во стол и да учат за стандардизирани тестови буквално предизвикува намалување на церебелумот и ја намалува флуидната интелигенција.“

Всушност, флуидната интелигенција е онаа којашто ги прави иноваторите независни размислувачи и не само што не е ценета, туку многу често е и неразбрана. Кога ќе слушнеме идеја со која се согласуваме, ретко бараме квалификација на личноста. Кога ќе слушнеме идеја која ги предизвикува нашите верувања, бараме квалификација. Односно, инсистираме дека ќе му веруваме само оној што е високо образован во системи и идеи кои постоеле претходно.

Никој не ги испрашувал големите мислители од минатите векови. Никој не прашувал на која основа Буда ја споделува својата мудрост. Претпоставиле дека е од помош и иновативна, па ја прифатиле како вистина. Ако не научиме да ја цениме туѓата флуидна интелигенција ќе останеме врзани на старите системи за размислување кои понекогаш само ни штетат. Замислете ако никогаш не сме ги прифатиле идеите на мислителите бидејќи немале формално образование во областа која сакале да ја обноват. Ќе сме биле во темната доба наместо во првиот ред на уметноста, психологијата, филозофијата, технологијата и сè што постои денес.

Наместо да претпоставуваме дека умот на оној којшто не може да повторува и запомнува факти е бескорисен, можеме да препознаеме дека светот се движи преку оние кои можат да го измислат веќе постоечкото на сосема нов начин.

Прочитајте и нешто повеќе за другите видови интелигенција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар