Што да правите ако некој се онесвести покрај вас?

Што да правите ако некој се онесвести покрај вас?

Во повеќето случаи, несвестицата е еднократна случка без некоја сериозна причина. Сепак, некои услови може да го зголемат ризикот од несвестица. На пример, бремените жени може да се онесвестат затоа што лесно дехидрираат, а луѓето кои доживеале ненадеен страв или болка можат да ја изгубат свеста за краток временски период. Тешко е да се предвиди дали некој ќе се онесвести, но постојат неколку предупредувачки знаци, како што се често проѕевање, вртоглавица и гадење. Сепак, важно е да знаете што треба и што не треба да правите ако некој се онесвести.

Чекор 1: Наместете ја личноста во безбедна положба

Што да правите ако некој се онесвести покрај вас?

  • Легнете ја личноста на грб.
  • Проверете дали дише.
  • Кренете ги нејзините нозе над нивото на срцето за да го вратите протокот на крв во мозокот.
  • Ако личноста носи тесна облека, ѓердан или ремен, одврзете ги.

Чекор 2: Обидете се да ја освестите личноста

Што да правите ако некој се онесвести покрај вас?

  • Проверете дали има свеж воздух. Отворете го прозорецот или замолете ги другите луѓе да се оддалечат.
  • Ако личноста е гладна, дајте ѝ овошен сок или нешто слатко за да се зголеми нивото на шеќер во крвта.

Чекор 3: Свртете ја личноста настрана

Што да правите ако некој се онесвести покрај вас?

Ако личноста повраќа или крвари од устата, свртете ја настрана.

Чекор 4: Повикајте брза помош

Што да правите ако некој се онесвести покрај вас?

Обично, некој што се онесвестил ќе се разбуди во рок од 20 секунди. Но, треба да повикате брза помош ако:

  • личноста се онесвестува повеќе од еднаш месечно
  • бремена е, има проблеми со срцето или друга сериозна болест
  • има сини усни или е сина во лицето
  • ја удрила главата кога се онесвестила

Што не треба да правите кога некој ќе се онесвести?

Што да правите ако некој се онесвести покрај вас?

Никогаш не треба да се обидувате да ја освестите личноста која се онесвестила на начинот на кој го прикажуваат тоа во филмовите. На пример, личноста која се онесвестиле не треба:

  • да ја удрите со дланка или да ја тресете
  • да ѝ истурите вода на лицето
  • да ѝ викате
  • да ставите перница под нејзината глава

Прочитајте ги овие совети за луѓето со низок притисок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар