Што би се случило доколку жените кои ги гледаме во рекламите се реални?
Што мислите, какво влијание би имале рекламите доколку се заменат сите оние „вештачки“ жени кои секојдневно ги гледаме со жени кои навистина постојат? Што ќе се случи доколку наместо совршенството создадено во Фотошоп, ние гледаме жени чие лице и тело е онакво какво што навистина е, исто како нашето? Дали и тогаш луѓето сè уште ќе ги осудуваат жените според нивната боја на кожа, големината и висината на телото, ширината на струкот, должината на косата и бројот на чевли?
Пораката која ова видео ни ја пренесува е моќна и заслужува да биде споделена. Доколку одвоите неколку минути од вашето време и размислите за одговорите на овие прашања, можеби ќе најдете начин како да го направите светот подобро место за жените и за оние кои ги сакаат.