Што би ѝ кажале на 16-годишната верзија од себеси во 30 секунди?

Што би ѝ кажале на 16-годишната верзија од себеси во 30 секунди?

Ѕвони телефонот, од другата страна се јавува 16-годишната верзија од вас, имате само 30 секунди за зборување и линијата ќе биде прекината. Што би ѝ кажале?

0-Shto-bi-mu-kazale-na-16-godishniot-vie-ako imate-samo 30-sekundi-kafepauza.mk

InspireYale“, организација на недипломирани студенти при „Универзитетот Јеил“ која работи на поттикнување позитивни социјални промени, во 2013 година го објави ова видео во кое се документирани одговори од 50 студенти на горенаведеното прашање. Некои од одговорите се практични, некои смешни, саркастични, па дури и трогателни.
 

„Никогаш не заборавај да се забавуваш. Биди слободоумен и прави луди работи.“

1-Shto-bi-mu-kazale-na-16-godishniot-vie-ako imate-samo 30-sekundi-kafepauza.mk

 

„Во ред е да бидеш геј.“

2-Shto-bi-mu-kazale-na-16-godishniot-vie-ako imate-samo 30-sekundi-kafepauza.mk

 

„Ако не најдеш време да бидеш вистинскиот ти, тогаш ќе се изгубиш себеси.“

3-Shto-bi-mu-kazale-na-16-godishniot-vie-ako imate-samo 30-sekundi-kafepauza.mk

 

„Знај дека има луѓе кои би сакале да бидат пријатели со тебе, само ако малку повеќе се искажеш.“

4-Shto-bi-mu-kazale-na-16-godishniot-vie-ako imate-samo 30-sekundi-kafepauza.mk

Погледнете го и видеото со сите одговори.

Што ВИЕ би ѝ кажале на својата помлада верзија во 30 секунди?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар