Шокантно: Еден од тројца мажи би силувале доколку би можеле да избегнат казна!
Еве една шокантна вест: според едно истражување спроведено на универзитетот во Северна Дакота, еден од тројца мажи би силувале девојка доколку би избегнале казна. Истражувачите собрале податоци од 73 мажи, а третина од нив изјавиле дека би принудиле девојка на сексуален чин кога би знаеле дека нема да бидат фатени и би немало последици. Оваа бројка се намалила кога истражувачите го нагласиле зборот „силување“, но сепак, 13% од испитаниците сепак рекле дека би силувале доколку не бидат фатени. Дали момците мислеле дека принудувањето на девојка на сексуален акт е нешто различно од силување?
Според истражувачите, не е јасно зошто испитаниците ги перципираат принудниот сексуален акт и силувањето како две различни нешта, но со сигурност првото го сметаат за свој успех и доминантност. Тоа што принудниот сексуален акт не се гледа како силување е можеби знак на извртената, изопачена култура која ги прикажува мажите како луѓе на кои им е оправдано да ги задоволуваат сексуалните желби бидејќи имаат потреба. Очекувано, оние кои потврдиле дека би го сториле тоа и откако „тоа“ било наречено „силување“ се очигледно непријателски и насилно настроени кон жените. Оние кои рекле дека би употребиле сила, но не доколку тоа би значело силување, се помалку непријателски настроени кон женскиот пол. Ова води до заклучок дека постојат повеќе профили на насилници со различни намери и карактерни особини.
Прашањето е: Дали треба да ги учиме девојчињата да не шетаат сами навечер, да не се облекуваат или однесуваат провокативно, или да ги учиме момчињата дека не можат да добијат сè што сакаат само затоа што се мажи и се физички посилни? Нешто не е во ред со нашите размислувања и нешто дефинитивно мора да се промени, бидејќи она што го кажуваат овие резултати е запрепастувачки и е само уште еден поттик за поголем ангажман за спречување на насилството.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.