Шокантната традиција на подврзување на стапалата во Кина
Замислете да влезете во чевли долги 7,6 см. За 88-годишната Занг Јун Јинг, тоа не претставува проблем, бидејќи таа е една од последните заостатоци на омразената кинеска традиција на подврзување на стапалата. Нејзините прсти биле скршени уште кога била девојче, бидејќи тогаш коските се покревки, и потоа постојано подврзувани за да бидат помали, сѐ додека еден ден не почнала да оди со предниот дел од стапалата подигнати нагоре, неможејќи да оди право.
Фотографката Џо Фарел ја запознала Занг во 2010 година. Оттогаш таа почнала да работи на нејзиниот тековен проект „Жива историја“ во кој ги снима животите на последните преживани жени – жртви на традицијата на подврзување на стапалата. Како што жените полека изумираат, Фарел почувствувала неопходност да се фокусира на документирање на нивните животи пред да биде предоцна.
Традицијата на подврзување во Кина ја вовела Династијата Сонг во 10-тиот век. Малите стапала се сметале за симбол на убавината и за истакнување на социјалниот статус. Идеалната големина на стапалата требала да биде не повеќе од 8-10 см. Младите жени избирале да ги кршат стапалата со надеж дека ќе се омажат за богат. Бидејќи нозете биле скриени од очите на мажите, тоа дури поттикнувало и еротски пристап. Практиката на оваа „масакарска“ традиција била забранета во 1912 од кинеската влада.
Остатоците од оваа традиција преставуваат сведоштво за суровата историја, но и поттикнуваат да размислуваме за стандардите за убавина. Дали ботоксот и силиконските импланти се многу поразлични од ова или пак за овие интервенции, за разлика од подврзувањето на стапалата, ви се само потребни многу, многу пари?