Шестгодишно момче собрало 400.000 долари за да му помогне на своето болно другарче
Кога шестгодишниот Дилан Сигел дознал дека неговиот најдобар другар пати од ретка и неизлечлива болест на црниот дроб, напишал книга насловена „Chocolate Bar“, која станала голем хит. Благодарение на книгата, потоа почнале да се продаваат и многу други работи, како на пример маички. За својот болен пријател тој успеал да собере дури 400.000 американски долари, а целта е да се стигне до еден милион.Со овие пари досега се обезбедени нови работни места во медицинските установи кои се бават со проучување на оваа ретка болест. Книгата чини 20 долари, а можете да ја нарачате онлајн.
„Тоа момче успеа да собере повеќе пари за оваа болест, отколку сите медицински установи и донации заедно. Веќе имаме вработено нови луѓе“ – вели докторот Дејвид Вајнстајн.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.