Шекспирови мисли за животот
Вилијам Шекспир (26.04.1564 – 23.04.1616) бил поет и писател на драми. Тој се смета за национален поет на Англија каде што го нарекуваат „Bard of Avon“ (раскажувачот на приказни од Авон). Неговата неверојатна колекција содржи 38 драми, 154 сонети, две долги наративни поеми и уште неколку други поеми. Неговите драми се преведени на скоро сите јазици во светот и според нив се одржуваат повеќе претстави од кои било други дела.
Тоа што го прави Шекспир толку многу посебен е всушност начинот на кој тој размислувал и комплексноста на тие мисли преточени во неговите дела. Оваа уникатна способност одлично се забележува и во наредниве неколку негови мисли за животот…
„Будалата се смета себеси за мудар, но мудриот човек знае дека е будала.“
Што всушност добиваме со преценувањето на нашите способности? На тој начин само одбираме сигурен и брз пат до разочарувањето. Секогаш обидувајте се да бидете приземни во однос на вас и вашите способности, бидејќи само на тој начин можете да постигнете вистински успех.
„Не плашете се од големината: некои луѓе се раѓаат големи, некои стекнуваат големина, а на некои им доделена.“
Без разлика во која од овие 3 категории спаѓате, никогаш не треба да се плашите од големината. Тоа е доблест која малкумина имаат можност да ја доживеат. Прифатете ја и мудро употребете ја за да промените нешто на подобро во светот.
„Мирот е карактеристичен за фазата на освојувањето. Тогаш двете страни се величествено повлечени, а ниедна страна не е губитник.“
Кога се работи за човечкиот живот – мирот во секој случај е добитна комбинација и тоа е она што треба да биде поважно од сè.
„На секој човек понудете му го своето уво, но на малкумина вашиот глас.“
Да се биде добар слушател е дарба која не секој ја поседува. Но, тоа не значи дека треба да ја чувате само за вас. Не можете ни да замислите колку можете да помогнете со едноставно ислушување без критикување. Што се однесува до вашите најдлабоки размислувања, тие секогаш чувајте ги само за најблиските…
„Премногу добро, понекогаш станува лошо.“
Сè што е умерено е совршено и тоа се однесува во сите области од животот. На пример, ако се „предозирате“ со вашето омилено чоколадо – потоа нема да можете ни да го мириснете до крајот на вашиот живот. Која е користа од тоа?
„Човекот е само човек. И најдобрите понекогаш го забораваат тоа.“
Сите ние имаме одредени психички и физички ограничувања. Тие се тоа што нè прават луѓе. Не оптеретувајте се премногу, бидејќи на тој начин најмногу ќе страда вашето здравје.
„Додека беше херој, го почитував, но кога стана претенциозен, му го завртев грбот.“
Постојат одредени карактеристики кај „хероите“ кои ги привлекуваат подеднакво буквално сите луѓе на светот. Но, ако дозволите славата и моќта да ви удрат во глава – тогаш инстантно ќе ги снема сите тие карактеристики и преку ноќ ќе ја изгубите целата ваша „публика.“
„Одете кај вашите гради: тропнете таму и прашајте го вашето срце што знае.“
Понекогаш е потребно едноставно да ги исклучите сите „гласови“ во вашата глава и целосно да се опуштите. Во тие моменти тивкиот глас на срцето настапува на сцена и тој ќе ве упати во вистинската насока.
„Понекогаш правдањето за направената грешка ја прави грешката полоша поради оправдувањето.“
Секогаш цврсто стојте позади вашите дела. Лагите, прикривањата и оправдувањата можат само да ја влошат ситуацијата. Сте направиле грешка? Не е ништо страшно… Признајте ја и гледајте на неа како лекција од животот поради која во иднина во слична ситуација правилно ќе постапите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
браво за вилијам Шекспир, никој пред него ани после него не успеал толку прекрасно и трогателно да ја опише човечката судбина.