Шармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магариња

Шармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магариња

Англиското село Кловели во кое се наоѓа пристаниште, се прослави на социјалните мрежи благодарејќи на својата фотогеничност. Уредните и шармантни куќички, поплочените улици и фармата за магариња се доволни за да привлечат голем број посетители, но и потенцијални купувачи на недвижности. Се наоѓа на југозападната страна на Англија, недалеку од местото кое симболично се нарекува крај на земјата.

Шармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магариња

Бројот на среќните жители е ограничен. Ако живеевте тука, ќе имавте околу 400 соседи во целото место – доволно за да не се чувствувате изолирано, но и да го задржите својот мир. Жителите на ова село од новите соседи очекуваат активно да се вклучат во животот на заедницата, како и во некои од програмите. Целото село е всушност приватен имот, а од 13-тиот век го поседувале три семејства. Дури во 16-тиот век, ова село заживеало како мала заедница, а дотогаш немало траги кои покажуваат дека има живот. Колку е неодоливо селото, пишувал и Чарлс Дикенс во неговата кратка приказна „Пораки од морето“. Во неа опишал живописно место покрај морето. За Кловели пишувал и Рудјард Киплинг, а селото било и чест мотив за уметнички дела. Вредноста на ова место ја препознал сопственикот, кој одлучил да инвестира во него. Изградил два музеи, неколку ресторани и апартмани, а можно било и да се земат под закуп просторни места за посебни пригоди, како што се свадби или родендени.

Но, за да влезете во приватно село, треба да платите влез. Од друга страна, улицата која води низ селото е јавна патека. Со години се воделе битки за оваа улица. Некои успевале да поминат, но некои застанувале да ги замолат чуварите да се вратат или да платат влез. Наплатата на влез се оправдува со трошоците за одржување на инфраструктурата на селото, како и на двата музеи, но многу Британци биле лути поради приватното присвојување на дел од државата.

Шармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магариња

Шармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магариња

Шармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магариња

Шармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магариња

Шармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магариња

Прочитајте и за оваа земја во Европа за која малкумина слушнале и која ја нема на картата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар