Шармантните села од југот на Франција

Шармантните села од југот на Франција

Франција е земја на села. Таа ги дава можеби најубавите села во Европа, а секое од нив има свој сопствен шарм што го црпи од регионот во кој се наоѓа. Оние од јужните региони Прованс и Лангедок-Русијон се разликуваат од другите малку по архитектурата, малку по опкружувањето кое го нуди југот – море, плажи, безброј цвеќиња, стрмни планини…

Шармантните села од југот на Франција

Ако некогаш испланирате посета на јужниот дел на Франција, во рутата задолжително вметнете некое од овие села. За разлика од бучните туристички центри ориентирани кон туристите, селата се мирни и во нив нема да најдете ништо друго освен лежерниот јужњачки дух. Ако се најдете таму нема да згрешите кое и да го посетите од нив. Во галеријата ви даваме само неколку идеи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар