Шарени планини со боја на виножито што се слева по врвовите
Доволно е природата само малку да си поигра со боите и да претстави нереално убави сцени пред очите на луѓето.
Едно од ремек-делата на природата се шарените карпи на планинскиот венец Жангие Дансија кој се наоѓа во северозападниот дел на Кина, во провинцијата Гансу. Необичните бои на карпите креирале талог од црвен песочник и слоеви од минерални наслаги.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Планина со слични бои постои во Перу и се нарекува Виникунка, односно Планината на виножитото, која се наоѓа во близина на градот Куско. На оваа планина постои минералошки состав кој во линии ги бои врвовите на планината во седум бои.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Во Аризона постои област каде што карпите се нарекуваат „Бран“ затоа што ерозијата направила облик што изгледа како бурно море. Ова чудно место го посетуваат многу фотографи кои фасцинирани од нијансите на боите, успеваат прво да го видат со голо око, а потоа и да го фотографираат ова место.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Можеби сакате да ги погледнете и овие 27 природни чуда во светот што секој би требало да ги посети.