Сестринскиот совет е најдобар: 11 препораки од постарите сестри за бракот и свадбениот ден
Без разлика дали се карате или не, вашата постара сестра е вистинско богатство за вас и без неа не би можеле да преживеете. Таа ве научила на многу нешта – од тоа како да се шминкате и флертувате до тоа како најлесно да ги манипулирате вашите родители. Токму затоа нема подобар совет од сестринскиот. Овие невести ги споделуваат најдобрите совети кои нивните сестри им ги дале на денот на нивната свадба.
„Сестра ми ми кажа нешто што ми остана во сеќавање дури и по 10 години брак: ’Твојот сопруг не е принц на бел коњ, но ни ти не си принцеза.’ Дозволете си да бидете вистински, а не совршени.“
„Секој ден прави по нешто убаво и љубовно за твојот партнер. Тоа може да биде што било – од појадок во кревет, искрен комплимент за неговите светкаво сини очи или карти за натпревар на кој многу сака да оди.“
„Не грижи се за гостите, свадбениот ден е еден од ретките денови во твојот живот кога се работи само за тебе!“
„Не очекувај сопругот да ти ги задоволува сите потреби и комплетно да те усреќува. За тоа ти се потребни пријатели, хобија и нешта кои се само твои. Исто како што и нему му се потребни нешта кои се само негови.“
„Терапијата за парови не е само за кризи во бракот. Таа може да ви помогне да научите подобро да комуницирате и да ги разрешите проблемите кои ги потиснувате.“
„Најми некој кој ќе ти ја чисти куќата два пати месечно. Точка.“
„Партнерот мора да ти биде прв приоритет, дури и пред децата. Не велам да ги занемариш децата, но ако целата смисла на бракот е да се биде родител, тогаш никој не би имал корист од тоа.“
„Не се карајте премногу жестоко. Нема да победиш ако целта ти е да се искараш со партнерот. Кавгата нека се врти околу проблемот што предизвикал лутина и работи на тоа да го разрешите проблемот, а не да го нарекуваш со погрдни имиња, да го напаѓаш и да спомнуваш караници од пред 3 години.“
„Не се заканувај со развод, освен ако навистина не го мислиш тоа.“
„Ако нешто те лути, кажи му. Тој навистина, ама навистина, не е читач на мисли.“
„Бракот е маратон, а не спринт. Постојат мигови кога сѐ изгледа лесно и забавно, но и други мигови кога мислиш дека не можеш да издржиш повеќе. Ако сте упорни, наместо да се откажете на првата плускавица, на крајот нема да ги паметите моментите на болка туку убавината на целото искуство.“