Серија на фотографии кои ги побиваат обвинувањата упатени кон жртвите на сексуален напад

Фотографии кои ги побиваат обвинувањата упатени кон жртвите на сексуален напад

„А што имаше облечено?“ Ова прашање им е познато на многу луѓе кои преживеале сексуален напад. Серијата фотографии со наслов: „А што имаше облечено?“ на Кетрин Камбарери покажува зошто ова прашање воопшто не е во ред. На изложбата биле прикажани вистински парчиња облека кои луѓето ги носеле кога биле сексуално нападнати со цел да се покаже зошто фокусот на облеката не само што ги обвинува жртвите за тоа што биле нападнати, туку и создава погрешна слика за тоа како сексуалното насилство всушност функционира.

Серија на фотографии кои ги побиваат обвинувањата упатени кон жртвите на сексуален напад

„Сексуалниот напад е чин кој вклучува контрола и сила и нема никаква врска со облеката на луѓето“, пишува во описот на веб-сајтот на Камбарери.

Таа е во право. Според истражување спроведено од страна на Федералната комисија за криминалот поврзан со насилство, поголемиот дел од напаѓачите не се ни сеќаваат што носела жртвата. Ако облеката била толку клучна за нападот, сигурно ќе се сеќавале на неа. Истото истражување открило дека само 4,4 проценти од напаѓачите биле предизвикани од „провокативното однесување“ на жртвите. Ова е доста проблематична фраза бидејќи никој не провоцира силување, но исто така ни покажува и дека жртвите воопшто не се ни однесувале на начин кој се смета за провокативен.

Серија на фотографии кои ги побиваат обвинувањата упатени кон жртвите на сексуален напад

„Сексуалниот напад никогаш не се случува поради облеката на една личност, единствена причина зошто се случува е тоа што еден човек напаѓа друг“, објаснува артистката.

Проектот бил изложен во Универзитетот Аркадиа, каде Камбарери студирала и вклучува прилози што ги собрала од некои од студентите. За да даде точна слика на тоа што луѓето го носеле пред да бидат нападнати, таа не изоставила ниту едно од приложените парчиња облека.

Серија на фотографии кои ги побиваат обвинувањата упатени кон жртвите на сексуален напад

Фотографиите покажуваат дека облеката што ја носеле луѓето кога биле нападнати воопшто не е разголена како што обично се претпоставува дека биле облечени жртвите на сексуален напад. Не би била нивна вина и да биле така облечени, и токму тоа и го докажуваат овие фотографии. Облеката нема никаква врска со тоа.

Серија на фотографии кои ги побиваат обвинувањата упатени кон жртвите на сексуален напад

„Ваквите прашања повеќе го заштитуваат напаѓачот отколку жртвата. Глупаво е тоа што ги обвинуваат преживеаните пред да имаат шанса да ја раскажат својата приказна. Сакав да сторам нешто за да докажам колку непотребни се овие типови прашања кои ја префрлуваат вината на жртвите. Се надевам дека гледачите ќе можат да се стават на нивно место и да се замислат себеси во облеката што ја фотографирав. Многу е важно луѓето да добијат нова перспектива, да стават крај на стигмите и да заборават на стереотипите“, заклучува Камбарери.

Серија на фотографии кои ги побиваат обвинувањата упатени кон жртвите на сексуален напад

Сексуалните напади се многу болна тема, и жртвите честопати се срамат да го раскажат она што им се случило, плашејќи се дека тие ќе бидат обвинети токму поради предрасудите кои владеат. Да се надеваме дека ќе се подигне свеста за овој проблем и ќе им се укаже заслужената почит на овие храбри луѓе кои поминале низ толку тешко искуство во животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар