Сензационалните Хималаи
Хималајскиот планински венец (името значи „дом на снегот“) се простира низ Азија и претставува дом на највисоките светски врвови, Монт Еверест и К2. Во овој планински масив влегуваат повеќе од 100 планини кои се повисоки од 7.200 метри.
Главниот Хималајски венец се простира од запад кон исток, од долината на реката Индус до долината на реката Брахмапутра, притоа формирајќи лак долг 2.400 километри, кој во ширина варира од 400 до 150 километри.
Некои од главните светски реки извираат од Хималаите, а низ нивното течение, вкупно собрано, живеат околу 3 милијарди луѓе во 18 земји (скоро половина од светската популација). Хималаите имаат и големо влијание врз културата во Јужна Азија, бидејќи голем број од врвовите се свети во хиндуизмот, будизмот и сикизмот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Сензационално стопените Хималаи