Претходно
Секси, мини тетоважи со одличен ефект
Тетоважите се еден од најпопуларните начини за украсување на телото, но како и за скоро секој друг вид уметност, и тука важи правилото: „За вкусови не се расправа!“ Било да се обични симболи, цртежи со значење или пак некакви зборови, тетоважите се толку индивидуални што најважно е вие да се чувствувате убаво во сопствената кожа откако ќе ја направите.
Но, многумина ќе се согласат и дека реакциите од околината им се важни, па можеби некоја од овие тетоважи подолу би била одличен избор. Минијатурни, симпатични и суптилни, овие тетоважички би ги одобрила и вашата баба.