Претходно
Секси концепт за новата Тојота
Датум: 23 јан 2012
Коментари: 0
Многупати досега од „Тојота“ нè имаат изненадено со некое од нивните примамливи возила, па така и овој пат тие одлично си ја имаат завршено својата работа. Концептот за новиот модел „Toyota FT-86 II“ е истовремено елегантен, агресивен и секси, а по малку посетува и на „бетмобилот“. Сè уште во јавноста се немаат прочуено детали за перформансите кои ќе ги поседува ова возило, па сликите се само колку да се одржат љубителите возбудени. Се очекува возилото да биде претставено во текот на 2012 година.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.