Секси календар од стјуардесите на авиокомпанијата „Ryanair“
Стјуардесите од авиокомпанијата „Ryanair“ направија секси календар, а парите од неговата продажба ќе бидат префрлени на сметката на организацијата „Teenage Cancer Trust“, која се грижи за тинејџерите заболени од рак. Нивната цел е со овој календар да соберат 100.000 евра. Доколку успеат да си ја постигнат целта, тоа ќе значи дека од 2008 година кога го направија нивниот прв календар до денеска, успеале да соберат 700.000 евра наменети за добротворни цели. Фотосесијата е направена на Крит, а календарот може да се купи од веб сајтовите на „Ryanair“ и на организацијата „Teenage Cancer Trust“.
Погледнете и како се одвиваше фотосесијата и правењето на календарот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.