Секс на Марс? За жал, многу лоша идеја
Научниците ги советуваат астронаутите кои еден ден ќе бидат испратени во експедиција за населување на црвената планета, да се воздржат од правење бебиња, како по пат накај Марс, така и на самата планета, а воедно им препорачуваат и воопшто да не водат љубов во бестежинска состојба.Оние астронаути кои успешно ќе ја остварат мисијата конечно да слетаат на Марс, нема да можат да го поминуваат времето нормално на таа територија и најверојатно со години би орбитирале наоколу, сѐ додека не создадат услови за живот на планетата.
Во теорија, имањето секс при нулта гравитација подразбира неверојатно многу потење и тотално незабавен чин за партнерите. Благодарение на Њутновиот закон, сите телесни течности би пловеле во просторот околу љубовниот пар, дури неколку часови после сексуалниот чин.Исто така бременоста надвор од планетата Земја би требало уште долго да се избегнува, бидејќи постои голема опасност од радијација. Притоа, енергијата од честиците кои би го бомбардирале вселенскиот брод, со сигурност би го стерилизирале секој женски фетус во мајчината утроба, така што колонизацијата на црвената планета која би се случила некој ден во иднината, би била дополнително отежната.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Сексот на марс би изгледал како “ПОГОДИ ЈА МЕТАТА” 🙂
За секс треба атмосфера… Марс е слаб со атмосфера…