Секојдневното пиење шампањ може да ве заштити од Алцхајмерова болест
Љубители на шампањот, имаме одлични вести за вас. Во една неодамнешна студија, научниците откриле дека пиењето 3 чаши шампањ дневно можe да ве заштитат од деменција и Алцхајмерова болест. Постои една состојка која се содржи во овој алкохолен пијалак, која може да го заштити мозокот од оваа застрашувачка болест и истовремено да ја подобри вашата меморија.
Професорот Џереми Спенсер, еден од научниците кои работеле на овој експеримент, изјавил дека резултатите биле драматични.
„Ова истражување е возбудливо затоа што за прв пат ни покажува како умереното пиење шампањ има потенцијал да влијае на одредени когнитивни функции, како меморијата“, вели тој.
Овие заклучоци биле донесени преку експеримент со глувци, но поради позитивните и неверојатни резултати, научниците се надеваат дека ќе можат да го продолжат своето истражување со пензионери. Иако е потребно уште многу време додека се најде цврст доказ, сепак научниците се сигурни во своите резултати и со чаша шампањ наздравуваат за своето огромно откритие.