Секоја недела овој фризер излегува на улиците во Њујорк и ги потстрижува бездомниците

Секоја недела овој фризер излегува на улиците во Њујорк и ги потстрижува бездомниците

Марк Бустос, стилист од Њујорк, ги поминува своите неделни попладниња (единствениот ден кога не е на работа), шетајќи по улиците и средувајќи ги косите на бездомниците, кои инаку не би можеле да си дозволат да платат за ваква услуга.

Бустос ја добил идејата откако го посетил семејството во Филипини во 2012 година, кога изнајмил берберница за да ги потстрижува локалните сиромашни деца. Вели дека неговиот најнезаборавен „клиент“ бил Џемар Бенкс за кој вели:

„Тој немаше многу што да каже во текот на целиот процес, сѐ додека не му покажав како изгледа откако завршив… Првото нешто што ми го рече беше: ‘Знаеш некој што вработува?’“

Бустос избира прометни видливи места на ќошињата од улиците и тротоарите, не со цел тој да биде виден, туку да ги инспирира другите да прават добри дела за оние на кои им е потребно. Тој често излегува на потстрижување заедно со неговата девојка, која ги прашува бездомниците дали би сакале нешто да јадат, а обично успева да среди по 6 „клиенти“. Овој великодушен њујорчанец ги споделува фотографиите од своите дела на Инстаграм, а жителите и туристите можат да го начекаат секоја недела како им дава нов изглед на помалку среќните.

Тој за својот проект вели: „Чувството е толку благородно, па решив да ја вратам позитивната енергија во Њујорк“, додавајќи дека ова порано го правел и во Јамајка, Костарика и Лос Анџелес.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар