Секој, некој, кој било и никој: Поучна приказна за мрзливоста на која вреди да ѝ се обрне внимание
Одвреме-навреме налетуваме на една од овие кратки поучни приказни кои едноставно ни се врежуваат во мислите и нè тераат целосно да си го преиспитаме нашиот живот. Иако станува збор за само неколку реченици, оваа приказна ни пренесува моќна порака која никој нема да остави рамнодушен. Прочитајте ја внимателно, ако треба и два пати, бидејќи сигурни сме дека сите вие ќе се пронајдете во неа и ќе сфатите дека понекогаш мрзливоста ви е најголемиот непријател во животот. Ако не го промените тоа веднаш, кога друг пат би го направиле?
Си биле еднаш Секој, Некој, Кој Било и Никој. Требало да се заврши една многу важна задача и Секој мислел дека Некој ќе ја сработи. Кој Било би можел да го направи тоа, но Никој не сакал. Некој поради тоа се налутил, бидејќи станувало збор за работа за Секој. Секој пак, мислел дека Кој Било би можел да ја заврши работата, а Никој не сфаќал дека Некој не сака да ја направи. На крајот, Секој кривел Некој, бидејќи Никој не го завршил тоа што можел Кој Било да го направи.