Секој има своја мрачна страна: Следниве навики ја откриваат вашата!
Сите луѓе има свои навики и секојдневни ритуали. Но, многу ретко мислиме на тоа што откриваат тие за нас. Навикнати сме да ги гледаме како сосема обични дејства, но научниците тврдат дека навиките (иако изгледаат случајни), можат да откријат многу работи за онаа страна од нашата личност што се обидуваме да ја скриеме. Следниве 7 навики ќе ви ги откријат мрачните тајни на луѓето што секојдневно ги применуваат…
1. Органска храна
Луѓето кои не јадат штетни производи и бираат квалитетна храна без хормони и пестициди многу често ги осудуваат другите. Тие се себични и субјективни. Мислат дека постапуваат правилно и дека имаат право да ги напаѓаат оние кои се однесуваат поинаку. Тоа може да се спореди со следниов начин на размислување: Си мислите дека ако одите во теретана и истрчате неколку километри, ќе можете да изедете едно чоколадо. Истото важи и за луѓето кои јадат органска храна. Тие си даваат поени што подоцна можат да ги потрошат на неморално однесување.
2. Сончање во солариум
Поголемиот дел од луѓето се свесни за негативните ефекти на солариумот и затоа тие се во помал број. Меѓутоа, сѐ уште постојат луѓе кои редовно одат на солариум, а научниците тврдат дека желбата за сончање под вештачки зраци покажуваат дека тие луѓе имаат и други зависности. На пример, кај нив постојат 6 пати поголеми шанси дека ќе станат алкохоличари и 3 пати поголеми шанси дека страдаат од биполарни нарушување.
3. Туширање со ладна вода
Научниците тврдат дека луѓето честопати ја надоместуваат емоционалната топлина преку промена на температурата на водата со која се тушираат. На пример, колку повеќе време поминуваат луѓето под туш толку поосамени се чувствуваат. А што е со оние кои обожаваат ладен туш? Некои истражувања покажале дека тие се тврдоглави, егоцентрични и дека не го ценат туѓото мислење. Тие можат да го сослушаат туѓото гледиште на работите, но никогаш нема да се согласат со него.
4. Платнени торби
Пред неколку години, платнените торби за пазарење станаа многу популарни и луѓето беа среќни што можеа да ги заменат пластичните и хартиените кеси. Во овој случај, исто како и љубителите на органска храна, тие мислат дека собираат поени за секое добро дело што ќе го направат, па затоа често купуваат нездрави производи, како што се чипс, чоколади, газирани пијалаци и слично. Научниците објаснуваат дека потрошувачите кои користат платнени торби мислат дека на тој начин се грижат за околината, па имаат право да купат нешто вкусно, но нездраво.
5. Електронска пошта
Електронското поштенско сандаче може да открие многу работи за луѓето. Луѓето кои никогаш не ги игнорираат новите имејлови (ги распоредуваат, бришат или одговараат веднаш штом ги добијат) сакаат да ги држат работите под контрола. Ако многу ретко ги бришете пораките откако ќе ги прочитате, тоа е знак на перфекционизам. Вам ви треба чувство на сигурност, па ќе ги чувате за секој случај. Луѓето кои ги оставаат имејловите непрочитани и неизбришани се поинтелигентни, бидејќи знаат дека читањето нема да им донесе ништо корисно, па не трошат време на тоа.
6. Лајкови на социјалните мрежи
Научниците откриле дека лајковите на Фејсбук можат да ви го откријат полот на личноста, нејзините политички убедувања, верските погледи и нивото на интелигенција. Истражувањето било спроведено со цел да се подобри продажбата на различни производи, но истражувачите исто така откриле дека лајковите се знак на мрзливост. Луѓето можат да ја изразат својата загриженост само со еден клик на маусот. Тоа им заштедува време и не бара вложување никаков труд.
7. Горчлива храна
Сигурно познавате човек кој пие кафе без шеќер и млеко. Научниците тврдат дека луѓето кои пијат чисто црно кафе се склони на психолошки нарушувања, како оние што се јавуваат кај сериските убијци. Според резултатите на истражувањата, луѓето кои го обожаваат горчливиот вкус може да се психопати. Истовремено, луѓето кои сакаат пиво, тоник и други незасладени пијалаци, се подложни на садизам и нарцизам. Овие поединци знаат да бидат и лицемерни, суетни и себични. Исто така, тие може да уживаат во туѓото страдање.
БОНУС: Како да ги разликувате лажговците од искрените луѓе?
Сите сакаат да бидат успешни, тоа не е спорно. Меѓутоа, лажговците секогаш сакаат да раскажуваат за нивните успеси. Тие сакаат да се претстават на најдобриот можен начин. Искрените луѓе не мораат никому ништо да докажуваат. Тие можат да бидат исполнети и среќни и без да го покажат тоа. Освен тоа, тие знаат да се радуваат на туѓиот успех.
Доколку ве заинтересира оваа тема и сакате да дознаете нешто повеќе за себе, прочитајте кои се 5-те секојдневни навики што откриваат многу работи за вас.