Секој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тага
Се приближува до Денот на жената, затоа треба да знаете кое цвеќе се подарува, а кое не.
Иако многумина можеби не го знаат, секој цвет што некому му го подарувате, носи одредено значење и порака. Затоа, кога му давате цвеќе на некој близок, не заборавајте да обрнете внимание каква симболика има тоа, за лицето кому му го давате да не биде навредено или да стекне погрешен впечаток.
За почеток, значењето на цвеќето може да го согледаме според бојата, затоа треба да знаете дека сината значи верност и мечтаење, портокалова гордост и енергија, виолетовата боја претставува нежност, додека белата е симбол на невиност. Црвената значи љубов и убавина, зелената разбирање, а жолтата љубомора.
Нарцис
Овој цвет означува самољубие, но исто така е и симбол за нов почеток бидејќи е меѓу првите што цвета. Но, бидете внимателни кому му го подарувате овој цвет затоа што може да означува и презир.
Ирис
Симбол на достоинство, инспирација, слава и храброст. Жолтиот ирис означува страст, додека синиот поттикнува среќа.
Зумбули
Знак на верност и стабилност. Ако се сини симболизираат постојаност и континуитет.
Божур
Симболизира чест и богатство, како и среќен брак и напредок.
Јасмин
Жолтиот јасмин означува елеганција, а останатите бои – посветеност.
Магнолија
Таа означува достоинство и елеганција. Ако е бела, тогаш тоа значи невиност, ако е розова, тогаш тоа значи срамежливост и најчесто им се дава на девојчињата. Но, внимавајте, ако подарите магнолија која порано расцветела, тоа е сигурен знак дека сте вознемирени и нетрпеливи за нешто. Според старото верување, магнолиите ја означуваат неверноста на мажите кои ги подаруваат.
Циклама
Овој цвет симболизира искреност и е поврзан со моќта на помирување со лицето кому му се подарува. Може да означува и срамежливост.
Рози
Цветот што најчесто се подарува и во зависност од бојата, има многу значења. Да се подари црвена роза симболизира страст и љубов, иако може да означи и благодарност и задоволство. Белите рози симболизираат чистота, чесност и безгрешност. Жолтите рози може да бидат симбол на радост, но и неверување и љубомора. Розите без трнови може да ја означат љубовта на прв поглед. Кога жената ќе му поради на мажот црвена роза, розата станува симбол на лојалност. Портокаловите рози се симбол на копнеж и маѓепсаност, а виолетовите љубов на прв поглед. Темните, пурпурни рози се знак на желба за посебност и издвојување, додека сините, поради вештачкиот начин за добивање на нивната боја, се симбол на невозможното.
Кринови
Укажуваат на бесконечната убавина, среќата, бесмртноста, чистотата и спасението. Често се среќаваат на свадбите па затоа, според симболика, означува избирање на саканата личност. Белиот крин значи невиност и чистота, жолтиот – измама, а виолетовиот – враќање во среќата.
Бамбус
Ова растение е симбол на лојалност и цврстина на бракот.
Орхидеја
Значи желбата за успех и посебност. Исто така, симболизира и љубов, убавина, романса и желба за интимност. Таа честопати им се подарува на болните и родилките за да им се посака брзо закрепнување. Исто така, таа ја претставува и желба да успеете во вашата кариера.
Лалиња
Симбол на гордост и слава. Црвените лалиња се поврзуваат со љубовта, а жолтите со безнадежната љубов. Розите значат грижа, виолетовите – достоинство, а белите – збогување.
Мимози
Симбол на сигурност и доверба, но исто така означуваат и луксуз и моќ. Тие се, исто така, и симбол на љубезност.
Сончоглед
Овој цвет е симбол на сила, гордост, восхит и обожување. Може да значи и ароганција. Ако му го подарите овој цвет на некој близок, тоа означува подготвеност целосно да му се посветите нему.
Љубичици
Симбол на преданост и лојалност. Белите и виолетовите означуваат скромност.
Хортензии
Тие претставуваат срдечност и се подаруваат кога сакате да се помирите со некој со кој сте во конфликт. Исто така, на гробиштата честопати се носат хортензии кога се изразува сочувство.
Кокичиња
Кокичињата значат надеж, напредок и удобност. Кога сакате да му кажете некому да не губи надеж, подарете му кокичиња.
Џунџулиња
Симбол на раѓањето, трпеливоста и практичноста.
Гладиоли
Најчесто ја означуваат јачината на карактерот, но во никој случај не треба да им ги подарувате на најблиските.
Цвеќиња кои не им се подаруваат на жените
Цвеќињата кои немаат позитивно значење се бегониите кои означуваат црни мисли, лавандата која ја претставува недовербата, далијата што ја означува неизвесноста. Хризантемите се цвеќиња што се носат на гробиштата, но може да означат и љубов и вистина.
Можеби сакате да прочитате и зошто носиме хризантеми на гробовите на нашите сакани?