Секој човек е крив за сето добро што не го направил: Мудрости кои ќе ви останат во сеќавање
Одвреме-навреме треба да читаме мудри мисли и цитати за да се потсетиме на важните нешта во животот. Иако секојдневно се среќаваме со мудрости и инспиративни цитати, сепак честопати се случува да ја заборавиме вистината што ја кријат. Токму затоа, прочитајте ги следниве мудрости кои засекогаш ќе останат врежани во вашиот ум…
„Зар не е чудно тоа што ништо не се менува како што минуваат деновите, но кога ќе погледнеме наназад, сѐ е поинаку.“ – К. С. Луис
„Кога бев дете и кога ќе ги видев страшните работи на вестите, мајка ми ми велеше: ’Барај помошници. Секогаш ќе најдеш луѓе кои помагаат’.“ – Мистер Фред Роџерс
„Постојат 3 работи од кои се плаши мудриот човек: Море во бура, ноќ без месечина и бес на љубезен човек.“ – Патрик Ротфус
„Дајте му маска на човекот и ќе ви го покаже вистинското лице.“ – Оскар Вајлд
„На аеродромите се случуваат поискрени бакнежи одошто во салите за венчавки. Болничките кревети чуле повеќе молитви од црковните.“ – Непознат автор
„Кога сте добри во нешто, им го кажувате тоа на сите. Кога сте одлични во нешто, другите ви го кажуваат тоа вам.“ – Волтер Пајтон
„Знаевме дека светот нема веќе да биде ист. Некои луѓе се смееја, некои плачеа. Повеќето молчеа. Се сетив на еден стих од хиндуистички напис на Бхагавад Гите: ’Вишна се обидува да го увери принцот дека мора да ја врши својата должност и за да го импресионира, го добива обликот со многу раце и вели: ’Сега станав смрт, уништувач на светови’. Верувам дека сите сме го мислеле ова на еден или друг начин.“ – Џ. Роберт Опенхајмер, по нуклеарниот тест во Лос Алама.
„Некои луѓе умираат на 25 години, но ги закопуваат дури во 70-тите.“ – Бенџамин Френклин
„Ја сакав, а понекогаш и таа ме сакаше мене.“ – Пабло Неруда
„Биди понизен, бидејќи си составен од земја. Биди благороден, бидејќи си составен од ѕвезди.“ – Народна изрека
„Бродот е безбеден на пристаништето, но бродовите не се направени за тоа.“ – Адмирал Грејс Хопер
„Нуклеарната војна е како да стојат двајца луѓе во базен полн со бензин и едниот има 5 чкорчиња, а другиот 2.“ – Карл Саган
„Од сите тажни изговорени или напишани зборови, најтажни се: Можеше да биде.“ – Џон Гринлиф Витлер
„Вчера бев паметен и се обидов да го променам светот. Денес сум мудар и се обидувам да се променам себеси.“ – Руми
„Кога бев млад и слободен, мојата фантазија немаше граници, сонував дека ќе го променам светот. Кога пораснав и станав помудар, сфатив дека светот нема да се промени, па ги намалив апетитите и одлучив дека ќе ја променам само својата земја. Но, и таа беше непроменлива. Како што влегував во моите поодминати години, во последен очаен обид, се задоволив со тоа да го променам своето семејство, најблиските, но и тие не сакаа да се сменат.
А сега, кога лежам на смртна постела, конечно сфатив: Кога прво би се променил себеси, тогаш би станал пример за своето семејство кое би се променило. Тоа би ме инспирирало и охрабрило и тогаш би можел да ѝ помогнам на својата земја, а којзнае, можеби така би го променил и светот.“ – Натпис на гробницата на англикански бискуп во Вестминстерската опатија
„Причината поради која се бориме со несигурноста е тоа што се споредуваме себеси додека сме зад завесите со другите додека се под рефлекторите.“ – Стивен Фуртик
„Дури откако последното стебло биде исечено, дури откако последната река биде затруена, дури откако последната риба биде уловена… Дури тогаш ќе сфатите дека парите не може да се јадат.“ – Пророштво на американски индијанци
„Секој човек е крив за сето добро што не го направил.“ – Волтер
Прочитајте ги и следниве 12 зен мудрости кои ќе ви ги отворат очите.