Секој четврти маж ги сонува неговите бивши девојки

Секој четврти маж ги сонува неговите бивши девојки

Љубоморните жени сега имаат причина плус за грижи. Новото британско истражување на „Premier Inn“, во кое биле испитани 2.000 Британци, открило дека секој четврти маж редовно ги сонува неговите поранешни девојки. Резултатите исто така покажале дека тоа што мажите ги сонуваат бившите, не мора да значи дека тие мечтаат за нив во будниот живот. Напротив, поголемиот дел од испитаниците биле целосно задоволни од нивната моментална љубовна врска.

Секој четврти маж ги сонува неговите бивши девојки

Можеби романтичните девојки си мислат дека главната улога во сонот на нивните мажи ја играат тие, но вистината е дека нивниот лик во текот на доцните часови во ноќта, можеби е узурпиран од колешката или шефицата на нивното момче, бидејќи 26% од испитаниците изјавиле дека ги сонуваат нивните колешки, а некои дури и мајката на нивната жена.

Спротивно на тоа, повеќе од третина од Британките кажале дека тие ги поминуваат ноќите сонувајќи го нивниот моментален партнер, како и нивните родители или децата. Воедно, било откриено дека блиските пријателки на жените, имаат силно влијание врз нивните соништа, бидејќи една третина од нив тврделе дека честопати им се појавуваат другарките на сон. Како и да е, очигледно и жените се способни за фантазирање во сон, бидејќи 20% од испитаните кажале дека често сонуваат луѓе кои никогаш не ги сретнале во нивниот живот.

По сè изгледа, стресот и напорот кој го чувствуваме во секојдневието исто така влијае врз она што го сонуваме. 31% од луѓето кажале дека сонуваат соништа поврзани со битните работи кои им го оптоваруваат умот. Со оглед на моменталната светска економска состојба, не е изненадувачки податокот дека 20% од Британците почесто сонуваат кога се под некаков притисок, потенцирајќи дека сè помалку се способни да престанат да мислат на нивната работа.

Клер Хеј, претставничката на Премиер Ин вели: „Соновите се дел од нашите животи, врз кој немаме никаква контрола. И покрај тоа што можеби некои луѓе не ги гледаме често, тие сепак можат често да се појавуваат во нашите соништа. Истражувањето покажа дека почесто сонуваме кога нешто ни го „мати умот“ или кога сме под стрес, така што одмор кој ќе ви овозможи накратко да избегате од проблемите, може да ви помогне да го „исклучите“ мозокот додека спиете и да уживате во одморањето.

Секој четврти маж ги сонува неговите бивши девојки

Експертот за соништа, Давина Меккејл се надоврзува: „Нашите сонови ни помагаат да ги сфатиме, развиеме и процесираме емоциите. Поради тоа, не е чудно што почесто имаме кошмари кога сме под некаков стрес и ги сонуваме проблемите од нашиот буден живот, бидејќи заспаниот ум се труди да ги реши наместо нас. Мирно, релаксирачко опкружување и квалитетно спиење ќе ви обезбедат поспокојни соништа.

Жените најчесто се емоционално поотворени во љубовните врски во однос на партнерот, па поради тоа почесто сонуваат сонови поврзани со нивните моментални проблеми во врската. Од друга страна, мажите имаат тенденција да не ги покажуваат нивните чувства надворешно. Ова значи дека тие се склони да ги решаваат нивните проблеми преку соништата, па оттука произлегуваат соновите со нивните бивши девојки. Според Давина Меккејл, сонувањето на бившите може да илустрира некаква емоционална ранливост или несигурност во врска со нивната моментална партнерка, која ја анализираат преку сонот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар