Сејшели – рај за романтичните души
Архипелагот составен од 115 островчиња сместени во Индискиот океан е вистински дар од природата. Поранешната британска колонија со децении наназад претставува една од најегзотичните и најпривлечните дестинации за туристите од целиот свет, благодарение на фантастичните тропски плажи и интересниот див свет.
Песочни плажи од ситен бел песок се протегаат веднаш под падините и бујната вегетација, а водата е светло сина и толку проѕирна што можете од далеку да го видите песочното дно што се простира под површината. Сејшелите претставуваат природен музеј и дом на некои од најретките видови флора и фауна.
Со заштита со многу легислативи, правила и норми на приближно 50 проценти од вкупната површина на архипелагот, Сејшелите го држат рекордот како еден од најзачуваните екосистеми во светот. Сејшелите се исто така и дом на две локации под капата на УНЕСКО, првата е Aldabra, најголемиот корален остров во светот, а втората е Praslin’s Vallée de Mai, за која во минатото се претпоставувало дека ја претставува автентичната локација на Рајската градина.
За Сејшелите честопати се користи терминот „островот на љубовта“, бидејќи тука романтиката се случува на најприроден начин, во комбинација со нежните бранови кои го бакнуваат брегот во полноќните часови.
Туристите можат да се одлучат да ги посетат островите Praslin, La Digue, Mahé или некои други. Во врска со прашањето кој остров е поубав, верувајте дека е сеедно, бидејќи заеднички именител на сите 115 острови е неопислива, воодушевувачка убавина која го одзема здивот и се вгнездува во вашето сеќавање засекогаш. Популарни активности на овој остров се нуркање, риболов, пловење и излежување на неверојатните плажи од бел песок.
Сејшелите се мирно, спокојно и безбедно место, каде волшебната убавина и бавниот живот во комбинација со прекрасната тропска клима и љубезните мештани, ќе го потпомогнат случувањето на нежните романтични искуства. Тука можете да ја направите вашата свадба од соништата, да отидете на меден месец или на некоја битна годишнина од брак, бидејќи незаборавните Сејшели се вашиот сон за романтика.
Да, Сејшелите навистина се рај на земјата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Surreal
Zosto velat deka rajot e na neboto koga ete toj bil tuka na zemjata, no nemame moznosti da go vidime!
a ima ajkuli ?