Сè што треба да знаете за девојките кои ги грицкаат своите нокти

Сè што треба да знаете за девојките кои ги грицкаат своите нокти

Грицкањето нокти е ужасна навика која доколку ја практикувате, сигурни сме дека го мразите тоа кај себе. Но, како и кај секоја друга навика, така и кај оваа, тешко е да се одвикнете. Иако сте се обиделе 1.000 пати.

1-se-shto-treba-da-znaete-za-devojkite-koi-gi-grickaat-svoite-nokti-www.kafepauza.mk_

Имајте на ум, дека девојките кои ги грицкаат своите нокти се обиделе на сите можни начини да се откажат од оваа ужасна навика. Започнувајќи од оние горчливи препарати кои го расипуваат вкусот на сè, па дури и на ноктите, сè до тоа некој да ги удира по прстите кога ќе започнат да ги грицкаат, тие никако не можат да се ослободат од оваа навика. Со тоа што ќе им кажете дека грицкањето на ноктите е грдо, ќе направите само да се почувствуваат уште полошо, но нема да им помогнете.

Девојките кои ги грицкаат своите нокти не сакаат да привлекуваат внимание кон нивните раце, па така никогаш нема да ги видете дека носат прстени, бразлетни, или не дај Боже, лак за нокти. Па секако, на што ќе го нанесат? Доколку го забележите тоа внимавајте никогаш да не им поклоните лак за нокти.

2-se-shto-treba-da-znaete-za-devojkite-koi-gi-grickaat-svoite-nokti-www.kafepauza.mk_

Тие ретко се одлучуваат и за вештачки нокти. Како прво, и нив ќе ги грицкаат, а како второ, срам им е да се појават со такви нокти кај козметичар.

Ако ја фатите девојката како грицка нокти, најверојатно таа е нервозна, нестрплива или несигурна. Кога имате испит или важен разговор за работа, ве фаќа трема и несвесно ги принесувате прстите кон устата. Чекате некого, тој доцни, започнувате да се нервирате и што ќе правите, започнувате да ги грицкате ноктите. Не знаете што да правите, збунети сте, размислувате… Концентрацијата ја постигнувате така што ќе го грицкате и тој последен нокот, па што сака нека биде.

Исто така, можеби им е само досадно. Досадата е многу фрустрирачка ако не знаете како да се ослободите од неа. Затоа започнувате да барате нешто што можете да го правите за да не ви биде досадно. Секако, ноктите ви се најблиску. Сите овие емоции лесно се будат, а тие не знаат како на друг начин да се справат со нив. Некои ја вртат својата коса помеѓу прстите, другите го чепкаат лицето, а тие, тие грицкаат нокти!

3-se-shto-treba-da-znaete-za-devojkite-koi-gi-grickaat-svoite-nokti-www.kafepauza.mk_

Со овој проблем започнаа да се занимаваат и научниците. Врз основа на едно истражување, се дошло до заклучок дека суштината во причината зад грицкањето на ноктите е перфекционизмот! Наводно, оние кои грицкаат нокти, сакаат сè да биде совршено, па не можат да се опуштат и со „нормално“ темпо ги извршуваат своите обврски. Затоа се под тензија и својата фрустрација ја ослободуваат преку грицкањето на ноктите.

4-se-shto-treba-da-znaete-za-devojkite-koi-gi-grickaat-svoite-nokti-www.kafepauza.mk_

А во случај да ги грицкате ноктите само привремено, немате потреба да се грижите. Научниците велат дека тоа е сосема во ред и дека станува збор за енергија која не е продуктивно искористена.

Значи, домашна задача: ако сакате конечно да се ослободите од оваа лоша навика, би требало да пронајдете некое хоби кое ќе ве држи фокусирани и релаксирани. Па, вреди да се обидете…

Можеби медитацијата е подобра, особено кога станува збор за грозниот и горчлив лак!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар