Се отвора најголемото панорамско тркало во светот: Поглед на Дубаи од височина од 250 метри
Беа потребни многу години за планирање и изградба на најголемото панорамско тркало во светот, а свеченото отворање се очекува на 21 октомври. „Ain Dubai“ се наоѓа на вештачкиот остров во Дубаи. Високо е 250 метри и е речиси двојно поголемо од познатото Лондонско око.
Панорамското тркало се состои од 48 кабини што ви овозможуваат прекрасен поглед на Дубаи.
„Ain Dubai“ нуди 19 различни искуства во возењето и три вида кабини: од стандардни до приватни и кабини што може да се изнајмат за групи. Освен во прекрасниот поглед, можете да уживате и во понудата на храна и пијалаци.
Погледнете ги и овие 5 одлични дестинации за летање со балон.