Сè доаѓа за „наплата“ – порано или подоцна: 6 работи кои треба да ги знаете за кармата
Правете добро. Дефинитивно ќе ви се врати во најнеочекуваниот момент и на најнеочекуваниот начин. За секое дело следи награда, а за секое недело – лекција. И имајте на ум – „кармичкиот воз“ понекогаш доцни. Така е поради тоа што има многу патници. Не грижи се, ќе дојде порано или подоцна.
Карма – не заборавајте на нејзиното величество пред да сторите нешто лошо. Запомнете кога ве боли или сте повредени. Запомнете го тоа и кога се сомневате дали да направите добро дело. Таа е секогаш тука и нејзиниот „долг“ доаѓа за „наплата“ порано или подоцна.
Еве 6 работи што треба да ги знае секој од нас за моќната карма:
1. Кога птица е жива, јаде инсекти. Кога ќе умре, инсектите ја јадат неа. Времињата и околностите може да се променат за секој од нас во секое време. Затоа, никогаш не третирајте некого лошо, не повредувајте никого.
Денес сте можеби многу влијателни и моќни. Но запомнете, времето е многу посилно од вас. Од едно дрво може да се направат милион кибритчиња. Но, може да дојде време кога само едно кибритче може да изгори милион дрвја.
Затоа, бидете добри луѓе и секогаш правете добро. Тоа ќе ви се врати во најнеочекуваниот момент и на најнеочекуваниот начин.
2. Оној кој тврди дека одмаздата е слатка, никогаш не вкусил навистина слатки работи во неговиот живот. Ако сакате да пронајдете среќа, престанете да размислувате за одмазда. Кога ќе престанете да размислувате за несреќата на вашите непријатели, ќе имате повеќе време и енергија да работите на вашата среќа.
Најдобрата одмазда е да продолжите понатаму и да дозволите кармата да направи сè наместо вас.
3. Зрелост е кога имате доволно сила да го уништите насилникот со тоа што ќе земете само длабок здив и ќе заминете. Кармата ќе го направи остатокот. Ослободете се од болката од минатото, нека кармата го одземе „трофејот“ од рацете на непријателот.
4. „Кармичкиот воз“ понекогаш доцни. Ова е затоа што има многу патници. Не грижи се, ќе дојде порано или подоцна.
5. „Како луѓето се однесуваат кон вас е нивна карма, и како реагирате вие е ваша.“ – Вејн Дајер.
6. Нека вашите мисли бидат добри, зборовите пријатни, а делата прекрасни. Сè на овој свет се враќа.
Можеби сакате да прочитате и зошто треба да ја споделите вашата среќа со злобните луѓе: Следете и гледајте што се случува.