Се ближи крајот на светот? Можете да се скриете во овој луксузен бункер!

Се ближи крајот на светот? Можете да се скриете во овој луксузен бункер!

Швајцарската компанија Oppidum го претстави својот најнов градежен проект наречен L’Heritage кој се состои од градење бункери и е наменет за сите оние кои сакаат да живеат луксузно дури и во случај на апокалипса. Се работи за бункери за богати поединци чие богатство надминува 100 милиони долари.

Се ближи крајот на светот? Можете да се скриете во овој луксузен бункер!

Бункерите се дизајнирани од страна на францускиот архитект Marc Prigent и се протегаат на површина од 1.000 квадратни метри чии простории се прилагодени на секојдневниот живот и деловните активности. Имаат речиси сè – од спални соби, бањи, кујна до конференциска сала.

Се ближи крајот на светот? Можете да се скриете во овој луксузен бункер!

Се ближи крајот на светот? Можете да се скриете во овој луксузен бункер!

Се ближи крајот на светот? Можете да се скриете во овој луксузен бункер!

L’Heritage може да се прилагоди на индивидуалните потреби и, доколку е потребно, може да се постават и внатрешна градина, спа простор со базен, галерија за приватна уметничка колекција и гаража за десет луксузни возила.

Секако, безбедноста е на прво место. Така, бункерот располага со комплексен безбедносен систем кој ве штити од потенцијалните провалници. Има и безбедносна врата со биометриски читач која истовремено ги скенира ирисот, дланката и отпечатоците од прстите така што само вие и вашето семејство можете да влезете во бункерот.

Бункерот се карактеризира и со два система за филтрирање на воздухот како и индустриски генератори кои им овозможуваат на сите системи во бункерот да работат без никаков проблем.

Откако прочитавте за овој луксузен бункер, можеби ќе сакате да прочитате и за напуштените бункери од Втората светска војна.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар