Само за скептици: Пасивно-агресивни цитати кои ќе успеат да ве инспирираат

Само за скептици: Пасивно-агресивни цитати кои ќе успеат да ве инспирираат

Животот понекогаш знае да биде суров. Во таквите моменти на сите на треба мало охрабрување за да продолжиме понатаму. Но, за да го сториме тоа, најпрво треба да се соочиме со суровата реалност. Доколку ви треба мала мотивација, но не ви се верува дека инспиративните афирмации ќе ви помогнат, следниве пасивно-агресивни цитати се совршени за вас!

Само за скептици: Пасивно-агресивни цитати кои ќе успеат да ве инспирираат

„Клучот за среќата лежи во ниските очекувања.“

„Ништо не е невозможно за луѓето кои ќе се обидат. Освен ако не станува збор за нешто многу тешко, или многу лесно ако сте глупави.“

„Понекогаш сѐ што ви треба се милион евра.“

„Најдобро ќе се подготвите за утрешниот ден, ако не правите ништо денес. Сите работиме подобро 5 минути пред да ни дојдат гости.“

„Сите треба да веруваме во нешто. Вие верувајте дека моментално би требало да бидете на плажа и да пиете коктели.“

„Никогаш немојте да осудите некого пред да поодите во неговите чевли. Освен ако не станува збор за многу лоши чевли. Тогаш дефинитивно треба да кажете нешто.“

„Нашата најголема слабост е откажувањето. Но, и недостатокот од доволно цврст надворешен скелет за да ги заштити нашите витални органи.“

„Кога имате некакви сомнежи, објавете нејасен статус на Фејсбук, бидејќи така прават возрасните.“

„Не можете да ја промените насоката на ветрот, а тоа е навистина за никаде!“

„Како да бидете успешни: Гледајте си ја работата!“

„Ако можете да сонувате за тоа, можете и да го остварите. Освен ако не сонувате како ве јадат змии. Дефинитивно не би требало да го остварите тоа.“

„Кога некоја врата ќе ви се затвори, понекогаш треба да земете чекан и клинци за да се погрижите вратата да остане затворена.“

„Најдобрите и најубавите нешта во светот не можат да бидат видени и допрени. Тие се викаат оргазми.“

„Некои луѓе се како облаци… Кога ќе ги снема, денот веднаш станува поубав.“

„Некои луѓе заслужуваат да добијат ’Да пукне’. Во лице. Со столче.“

„Верувајте дека можете и ќе ви треба уште малку за да се убедите дека треба да направите нешто глупаво.“

„Бидете виножито во нечиј облак. Освен ако не можете да бидете молња што удира во идиот кој се крие под дрво. Тогаш бидете молња.“

„Што и да правите, секогаш давајте 100% од себе. Освен ако не донирате крв.“

Прочитајте ги и овие неинспиративни цитати што ќе ги насмеат сите скептици.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар