Само за дамите со скршено срце: 32 пораки кои ќе ви ја вратат вербата во љубовта
Сите ние, барем еднаш во животот сме биле оставени, со срцето искршено на милион парчиња. Ова е за сите оние кои ја почувствувале таа болка, бидејќи сакаме барем малку да ве охрабриме и да ве утешиме дека ниту една болка не трае вечно, па затоа драги девојки и жени…
1. Не осудувајте ги луѓето кои ги запознавате во сегашноста поради вашето минато.
2. Обидете се да верувате дека работите се случуваат со одредена причина, не е нужно во религиска смисла, туку во смисла дека сè што ви се случило ви помогнало да ја создадете жената која сте сега.
3. Сфатете дека луѓето честопати ве обвинуваат за работите за кои вие навистина не сте виновни, бидејќи им е полесно да изразат лутина отколку да ви ја кажат вистината.
4. Дозволете си себеси да сакате повеќе од еден маж во животот.
5. Дозволете си себеси да имате повеќе од една сродна душа во животот.
6. Сосема е во ред да бидете внимателни ако нечии поединечни особини не се компатибилни со вашите, но немојте да си допуштите да ги проектирате недостатоците на вашето бившо момче на друга личност.
7. Немојте да бидете обесхрабрени доколку сè уште чувствувате болка од претходната врска – тоа не значи дека не сте го преболиле бившото момче, туку спротивното, значи дека ги чувствувате работите длабоко во себе.
8. Во следната врска влезете спреми за разговори за минатото, бидејќи сакате маж кој ќе ве разбере и поддржи, односно веднаш ќе му дадете до знаење на кој начин сакате тој да се однесува спрема вас.
9. Но, не мора да го форсирате и постојано да му зборувате за вашето минато. Оставете ги работите да се одвиваат природно.
10. Не мора да бидете постојано јаки пред некој нова личност, во секој момент – ако тој сака да ве запознае какви сте навистина, тогаш ќе сака да види како вие ги чувствувате работите и како реагирате на тоа на редовна основа.
11. Постојат неколку работи кои ќе ве направат посилни отколку љубовта која сте ја искусиле во бившата врска, иако се чувствувате како да сте ја изгубиле, сепак не заборавајте дека таа ја обликува вашата способност за да можете повторно да ја дадете во новата врска.
12. Нема да можете да пронајдете некој нов веднаш после раскинувањето – всушност, не постои ограничено време во кое можете да запознаете некој нов.
13. Влегувањето во врска не е натпревар. Воопшто не грижете се дали вашите пријатели пред или после вас пронашле некого со кого се среќни. Ќе го пронајдете и вие.
14. Несреќната реалност е дека ќе има моменти кога своето минато со скршено срце, ќе го почувствувате како багаж кој ве забавува и ви го отежнува пронаоѓањето на некој нов.
15. Меѓутоа, дури иако ве забавува, чувствувањето на тие емоции значи дека се движите со сопствено темпо, а во завршницата ќе го направите вистинскиот избор за вашата стабилност.
16. Имајте на ум дека сте научиле една доста вредна вистина: Скршеното срце со текот на времето повторно ќе се залечи, а вие ќе ја имате моќта да растете и да преболите.
17. Да доживеете кршење на срцето е болно, неправедно, но никогаш немојте да ја изгубите надежта.
18. А надежта е моќно средство со кое управува вербата дека постои некој подобар за тебе, а можеби и повеќе од само еден.
19. Самотијата е совршено време во кое можете да се запознаете себеси, своите потреби, своите чувства. Поработете на себе и самите направете го вашиот живот поубав.
20. Најдобар начин за да преболете нешто, е да го доживеете тоа искуство, а токму тоа е она што сте го правеле кога сте биле повредени, а тоа ве зајакнало, можеби и повеќе отколку што мислите.
21. Никогаш нема да можете да му подарете некому премногу љубов и позитивна енергија, затоа немојте да ја ограничувате и подарете ја на следните врски кои доаѓаат.
22. Но, истовремено, откријте кога би требало да се заштитите и дадете си доволно време, па продолжете внимателно.
23. Вие заслужувате љубов, онаа кој не треба да дојде во замена за нешто.
24. Твоето скршено срце не треба секогаш да се одбива од тебе, од друга личност или на врската.
25. Честите раскинување се одраз на изборот во лошо време и на работите кои не се поклопиле, но исто така, тие нема да се повторуваат секој пат кога ќе се заинтересирате за некого.
26. Не дозволувајте си на себе и самите понатаму да си го кршите срцето, со тоа што ќе се фокусирате на проблемите кои не можеле да се решат од минатата врска.
27. Грижата за сопствениот ум и тело би требало секогаш да бидат ваш приоритет.
28. Дури и кога морате да помините низ фазата на зацелување, тоа не смее да стане ваша единствена реалност после раскинувањето.
29. Ниту втората, третата или петтата љубов, не држат помалку вредно место од првата љубов.
30. Минувањата низ болните раскинувања може да ве научат како емоционално да зајакнете, а воедно ќе изградите самодоверба и ќе станите посилни.
31. Сфатете дека во вас постојат многу прекрасни особини со кои ги привлекувате другите луѓе. Нема ништо лошо во тоа самите да ја барате љубовта, но не морате во целост да играте на таа карта доколку не сакате.
32. Во еден момент, ќе станете благодарни што некоја врска не успеала, бидејќи ќе направите место во вашето срце за некоја многу подобра и поквалитетна личност, но исто така, ќе научите толку многу работи за себе што претходно не сте знаеле дека ги поседувате.