Само 2% успеале да ја решат оваа загатка! Дали и вие ќе бидете едни од нив?

Само 2% успеале да ја решат оваа загатка! Дали и вие ќе бидете едни од нив?

Оваа загатка била осмислена од страна на Алберт Ајнштајн во 1930-та година, а досега успеале да ја решат само 2% од сите што се обиделе. Нема никакви скриени трикови, а се базира само на логика. Па, дали вие ќе можете да ја решите? Ако успеете, тогаш слободно можете да се пофалите со висока интелигенција.

На една улица се наоѓаат пет куќи обоени во различни бои. Во секоја од нив живее човек од друга националност. Секој од нив пие одреден пијалак, пуши одреден бренд цигари и има домашно милениче. Ниту еден од нив не пие ист вид пијалак, не пуши ист бренд цигари ниту пак, има исто домашно милениче. Прашањето е: Кој од нив чува риба?

Дополнителни факти што треба да ги знаете:

  • Британецот живее во црвената куќа
  • Швеѓанецот има куче како домашен миленик.
  • Данецот пие чај.
  • Зелената куќа се наоѓа од левата страна на белата куќа.
  • Сопственикот на зелената куќа пие кафе.
  • Сопственикот што пуши Пал Мал има птица.
  • Тој што живее во жолтата куќа пуши Данхил.
  • Човекот што живее во средната куќа пие млеко.
  • Норвежанецот живее во првата куќа.
  • Тој што живее во до куќата чиј сопственик има мачка пуши Блендс.
  • Човекот кој има коњ живее покрај човекот што пуши Данхил.
  • Човекот што пуши Блумастер пие пиво.
  • Германецот пуши Принц.
  • Норвежанецот живее покрај сината куќа.
  • Човекот што пуши Блендс живее покрај човекот што пие вода.
  • Не успеавте да ја решите загатката? Кликнете тука за да го отворите видеото што ќе ви помогне да дојдете до решението!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. љ Reply

    многу ли е тешко да се постави точна слика?

Остави коментар