Само 2% од луѓето можат да ја решат оваа загатка на Ајнштајн
Загатките се секогаш добар начин на вежбање на умствените способности и зголемување на нивото на интелигенција. Тие можат да ви го избистрат умот и да ве поттикнат на логично размислување. Со таа цел, прочитајте ја следнава загатка што ја поставил Ајнштајн, а што можат да ја решат само 2% од луѓето во светот. Нашиот совет е да ја решавате загатката кога ќе бидете смирени и да не очајувате доколку не можете веднаш да дојдете до одговорот.
За да ја решите оваа загатка треба да знаете дека се работи за 5 куќи во 5 различни бои. Во секоја куќа живее човек од различна националност. Секој човек пие различен пијалак, пуши одреден бренд цигари и има некаков домашен миленик. Но, овие 5 луѓе не пијат ист пијалак, не пушат исти цигари и не чуваат ист домашен миленик како останатите. Загатката е следната:
Кој чува риба?
- Англичанецот живее во црвената куќа.
- Швеѓанецот чува куче.
- Данецот пие чај.
- Зелената куќа е лево од белата.
- Сопственикот на зелената куќа пие кафе.
- Човекот кој пуши Pall Mall чува птица.
- Сопственикот на жолтата куќа пуши Dunhill.
- Човекот што живее во средната куќа пие млеко.
- Норвежанецот живее во првата куќа.
- Човекот што пуши Blend живее до оној кој чува мачка.
- Човекот што чува коњ живее до оној кој пуши Dunhill.
- Оној кој пуши Bluemaster пие пиво.
- Германецот пуши Prince.
- Норвежанецот живее до сината куќа.
- Човекот кој пуши Blend има сосед кој пие вода.
Совет: Постепено елиминирајте ги сите можности додека не дојдете до конечното решение.
Решение
Ви честитаме доколку успеавте да ја решите оваа загатка! Тоа е знак дека вашата интелигенција е на многу високо ниво!