Сакате тетоважа? Ова се најболните места за тетовирање на вашето тело!

Сакате тетоважа? Ова се најболните места за тетовирање на вашето тело!

Тетовирањето е голема одлука која не треба да се донесе лесно, со оглед на тоа дека останува за цел живот. Покрај другото, тоа може да биде и непријатно, а во одредени области, каде што нема мускули и иглите лесно може да поминат низ тенките слоеви на кожата, овој процес може да биде и многу болен. Кога станува збор за тетоважа на кој било дел од телото, многу е важно да ја земете предвид нејзината видливост. Иако тетоважите стануваат сѐ повеќе прифатливи, сѐ уште е важно да бидете свесни за тоа како таа би била прифатлива на вашето работно место. Доколку размислувате да се тетовирате, погледнете кои се најболните места на вашето тело.

Сакате тетоважа? Овие се најболните места на вашето тело

1. Лакотот

Лакотот е многу груба површина за тетовирање. Не само што има коски, што прави да ве боли повеќе, туку и со цел да овозможите правилно и соодветно да бидете тетовирани, вие ќе морате да седите во незгодна позиција и да ја виткате вашата рака во секаков агол. Кога сето ова ќе заврши, лакотот ќе ви биде подуен.

2. Рацете

Тетовирањето на рацете не е добро од две причини: Најпрво, потешко е да ги покриете тетоважите кога некоја прилика ќе го бара тоа од вас и второ, рацете, прстите и зглобовите се полни со коски и лигаменти кои прават тетовирањето на овие области да биде доста болно. Исто така на ова додајте го фактот дека кожата на рацете е тенка, што предизвикува дополнителна болка.

3. Стапалата

Тетовирањето на стапалата е прилично болно искуство. Општо земено, тие се издржливи, но со тетоважата тие почнуваат да болат. Најлоша област се врвовите на стапалата, па доколку се решивте за таму, бидете подготвени.

4. Задната страна од коленото

Иако е болно тетовирањето и на предниот дел од коленото, не е ни приближно толку како задната страна. Исто како и внатрешната страна на лакотот, задниот дел на коленото е покриен со тенка кожа и недостаток на мускули, што го прави тетовирањето да биде повеќе болно.

Сакате тетоважа? Овие се најболните места на вашето тело

5. Внатрешноста на раката

Тетовирањето на внатрешноста на раката навистина ќе ве боли. Тенката кожа повторно е виновникот што ќе реагирате на секој убод од иглата.

6. Градите

Градите се многу честа област за која мажите се одлучуваат да имаат тетоважа. Но, тука се наоѓаат многу коски. Освен ако не вежбате за развивање на оваа област, кожата овде е тенка и секој убод на иглите ќе ви изгледа многу болно.

7. Градната коска

Тетовирањето на градната коска е болно од слични причини како и градите, но, таа се протега надолу кон стомакот, при што болката продолжува и надолу. Ова дефинитивно не е пријатно.

8. Ребрата

Тетовирањето на ребрата е многу болно, затоа што тука кожата е тенка, па оваа област е многу чувствителна. Коските се разделени, оставајќи простор да навлезат иглите. Дефинитивно ќе ви треба одмор додека да го завршите целокупниот процес на тетовирање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар