Сакате да заминете далеку и да бидете потполно сами? Експертите откриваат што навистина се крие зад тоа чувство!

Сакате да заминете далеку и да бидете потполно сами? Експертите откриваат што навистина се крие зад тоа чувство!

Дали некогаш во животот сте почувствувале желба да заминете некаде далеку, на некое место каде што нема жива душа и таму да поминете некој ден потполно сами? Ако вашиот одговор е „да“, тогаш вие сте многу мудра личност, а научниците откриваат дали е вистина дека осамените личности се најинтелигентни и најсреќни на светот.

Научниците од Универзитетот за менаџмент во Сингапур и лондонското училиште за економија и политика спровеле студија, за да ја воочат врската помеѓу местото на живеење и фактот колку луѓето се задоволни со својот живот. Кога станува збор за луѓето кои живеат во големите градови, се покажало дека колку е поголем коефициентот на интелигенција, луѓето се помалку среќни. И додека поголемиот дел од луѓето се среќни кога се опкружени со своите пријатели, многу интелигентните личности се чувствуваат подобро кога се сами.

Поради што е тоа така?

Експертите велат дека не можеме да се чувствуваме пријатно во големо друштво, бидејќи со еволуцијата на нашиот мозок, тој се „програмирал“ да работи во група до 150 луѓе. Значи, колку е личноста попаметна, толку повеќе ѝ е непријатно во големо друштво.

Тогаш поради што поголемиот дел од луѓето се чувствуваат среќно во друштво на своите пријатели?

Пријателството нѐ прави посреќни, ја задоволува нашата психичка потреба за наклонетост и љубов, ни дава чувство дека сме потребни на некого и обезбедува прилики за да споделиме некои од нашите искуства.

Сѐ на сѐ, заклучокот е следниот: луѓето со висок коефициент на интелигенција имаат инверзни пријателства – поубаво се чувствуваат кога се сами, но не само во споредба со присуството во друштво на некои луѓе, туку и со најдобрите пријатели.

Прочитајте повеќе на оваа тема


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар